6 знаци дека имате смисла за хумор

Некои луѓе едноставно ги обожаваме заради способноста на нè насмеат и расположат во секое време. Секој од нас има барем по еден таков пријател, кој без разлика на моментот и околностите, секогаш успева на ни нацрта отворена насмевка на лицето.

6 znaci deka imate smisla za humor-kafepauza.mk

Хуморот е престижна особина, и сите веднаш се навлекуваме на него, а според едно истражување, способноста за разбирање хумор ја развиваме уште во првата година од животот.

Но, иако сите понекогаш може да бидеме смешни, само посебни луѓе можат да изнасмеат цела група до солзи. Еве 6 знаци дека имате одлична смисла за хумор.

1. Смеењето ви е приоритет

Сметате дека животот е едноставно подобар кога се смеете, а тоа никој не го знае подобро од личност со добра смисла за шегување. Духовитите луѓе не ја гледаат смислата само во тоа да ги насмеат другите, туку и да се насмеат самите. А како резултат, и тие се посреќни. Истражувањата покажуваат дека смеењето во истиот момент го подобрува расположението, и ги ублажува нервозата и стресот.

2. Се самоприфаќате

Не можеме сите да бидеме како Џенифер Лоренс која до толку ги прифаќа своите маани што може да се шегува на своја сметка, но лицата со отворен пристап сепак подобро се прифаќаат од повеќето. Духовитите индивидуалци ги прифаќаат своите недостатоци и се смеат на нив, но на здрав начин и не се измачуваат со нив.

3. Креативни сте

Потребна е многу ментална енергија за да смислите мудри досетки кои ќе предизвикаат насмевка на лицата на луѓето околу вас. Лицата со развиена смисла за хумор обично се покреативни од останатите. И тоа не е нивната единствена предност. Имено едно неодамна спроведено истражување открило дека смеењето може да го изостри краткотрајното помнење.

4. Ја знаете границата

Постои граница помеѓу добронамерниот хумор и злобното шегување. Сите со добра смисла за хумор ја знаат разликата. „Повеќето комедии се базираат на тоа да се смееме на нечија сметка, но лично сметам дека тоа е облик на малтретирање“, изјавила комичарката Елен Деџенерис. На тоа додала дека таа се обидува на луѓето да им покаже дека може да бидат забавни и без да ги исмеваат другите.

5. Во добро физичко здравје сте

Смеењето е навистина најдобриот лек, а духовитите луѓе го користат тој факт за свое добро. Смеењето ги стимулира органите, го подобрува имунитетот и делува како аналгетик. Сè на сè, хуморот носи многу здравствени придобивки.

6. Стареењето за вас е само животен факт

Додека повеќето луѓе стравуваат при доаѓањето на секој следен роденден, духовитите поединци тоа не го доживуваат ни малку страшно. Има толку добри шеги за стареењето, за која доба и да се однесуваат, па зошто не би ги искористиле за да се насмееме. Духовитите луѓе имаат млад дух и се долговечни. Според тоа, заборавете на стравот од годините и смејте се додека сте живи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар