Фотографии на кои плажите се претворени во апстрактна уметност

Фотографии на кои плажите се претворени во апстрактна уметност

„Aerial Views Adria“ е колекција од разнобојни фотографии направени од песочните брегови во Европа, кои ги трансформираат плажите во апстрактна уметност. Од многу голема височина, германскиот фотограф Бернард Ланг документирал бескрајни редови од чадори и лежалки на плажите во Италија. Преку неговиот објектив, тој успеал да ја сними симетричноста на малите разнобојни чадори, нивните силни сенки, удобните лежалки и големиот број посетители кои уживаат во летото.

„Пораката која сакам да ја пренесам е да го покажам влијанието на луѓето врз природната околина“, објаснува Ланг. „Од друга страна пак, погледот од високо ни открива дека ние сме само мали суштества, кои не се толку важни колку што мислат дека се.“

Фотографии во кои плажите се претворени во апстрактна уметност




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар