Книга: „Норвешка шума“ – Харуки Мураками

Книга „Норвешка шума“ - Харуки МуракамиХаруки Мураками е еден од оние автори кои несвесно ви се вовлекуваат под кожа и пред да се свестите, во вашата домашна библиотека веќе имате неколку дела и не можете да се одлучите кое ви е поомилено.

Ако „Јужно од границата, западно од сонцето“ беше за нијансите на човечките чувства и ве натера да ги преиспитате сопствените, тогаш „Норвешка шума“ е вистински вртлог од емоции од кој нема лесно да се извлечете.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ



Тору Ватанабе по сѐ изгледа дека е обичен студент кој ги поминува најлудите денови од својата младост во студентски дом, опкружен со колеги кои размислуваат за истите работи како и тој самиот: девојки, алкохол, секс, девојки. Ватанабе нема особен интерес за студиите кои ги избрал, нема многу пријатели и нема некои посебни амбиции во однос на тоа што сака да прави во иднина. Впрочем, единственото што го тера да го наруши комфорот на неговото секојдневие е Наоко.

Мирна и повлечена девојка, ранлива во секој поглед која е поврзана со Ватанабе преку нераскинлива врска. Нејзиното момче и воедно најдобар пријател на Ватанабе се самоубива, без никаква позната причина, кога има само 18 години. Трагичниот настан ги остава и двајцата сенки на она што некогаш биле, Наоко депресивна а Ватанабе тотално незаинтересиран за она што се случува околу него. Поврзани со смртта на личноста која и двајцата ја сакале, Наоко и Ватанабе стануваат неразделни, се додека не направат грешка која ќе го наруши нивното пријателство и ќе ја натера Наоко да побегне. По кратко време Ватанабе дознава дека Наоко е во санаториум каде што се труди да закрепне од сите случувања.

Додека се труди да ја врати Наоко назад, Ватанабе повторно се губи во неговото сиво секојдневие, не наоѓајќи смисла во ништо околу него дури и ја оправдува постапката на неговиот другар. На негова среќа, наоѓа личност која му го прави животот повозбудлив, убавата Мидори, девојка со отворен карактер која ќе го натера барем за кратко да се чувствува како вистински млад човек. Ватанабе мора да донесе тешка одлука, дали ќе се бори за Наоко која никако не може да ја заборави, свесен дека секогаш ќе си бидат жив споменик еден на друг за смртта на Кизуки, или ќе се труди да создаде среќен живот со личноста која полека но сигурно го освојува.

Книга „Норвешка шума“ - Харуки Мураками

Она што најмногу ми се допаѓа кај книгава, е нежниот почеток кој ќе ве забавува но нема премногу да ве растревожи, за потоа кога ќе дојдете до срцевината на делото да откриете колку всушност сте поврзани со приказната и ликовите. Книгата всушност е посветена на начините на кои различни луѓе се справуваат со немилите настани, на тоа како секој се бори со сопствените демони и на фактот дека на секој некогаш му е потребна друга личност која ќе го извлече од самотијата. Дело во кое може да се пронајде секој кој изгубил драга личност, секој кој љубел и почувствувал колку боли ако таа љубов не е возвратена.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 2 април 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Весна Reply

    Норвешка шума е најглупавата книга што некогаш ја имам читано!!!
    И НЕ, БЛАГОДАРАМ, не сакам да ми ја доделите.

    • Кафе пауза Reply

      Весна, оваа книга одамна е подарена. Не ја доделуваме веќе. :)

Остави коментар