Со кофеин во борба против целулитот

Целулитот е состојба во којашто на кожата се појавуваат дупчиња, давајќи и изглед како кора од портокал. Најчесто може да се забележи на бутовите, стомакот и задникот и тоа почесто е видлив кај жените отколку кај мажите, поради начинот на кој жените ги складираат мастите. Покрај ова, понекогаш и тежината може да игра улога, иако не секогаш е така. Други придонесувачи за неговата појава се лошата исхрана, задржување на водата во телото и доколку голем дел од времето го поминувате седејќи или лежејќи. Токму затоа, дури и најслабите луѓе понекогаш имаат целулит. Генетиката, исто така, може да претставува фактор за негово добивање. Прочитајте до крај, после објаснувањето, следуваат неколку едноставни, но делотворни рецепти кои можете да ги приготвите во домашни услови.

Со кофеин во борба против целулитот

Потрагата по креми и лосиони кои ќе го победат целулитот се одвива веќе со декади. Најновите анти-целулитни креми кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин и навистина покажуваат резултати. Кофеинот во продуктите за нега на кожата, всушност ги проширува крвните садови со што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска маснотиите кон кожата и обезбедува нејзин помазен изглед. Масажата е одличен домашен лек за болести и за грижа на кожата. Таа го подобрува крвниот притисок и циркулацијата, притоа разбивајќи ги масните клетки. Ова во комбинација со кофеин, дава неверојатни резултати во намалувањето на целулитот.

Со кофеин во борба против целулитот

Само во САД, секоја година се трошат повеќе од 10 милиони долари на анти-целулитни препарати. Пред повеќе од година дена, еден австриски научник создаде хулахопки исполнети со кофеински микрокапсули. Овие хулахопки имаат функција да го забрзуваат метаболизмот и да ги согоруваат маснотиите. Резултатите биле феноменални, бидејќи се продадени повеќе од 20.000 парчиња за само 18 месеци и од нив само шест биле вратени поради незадоволство од производот.

Со кофеин во борба против целулитот

Доколку сте спремни да се борите со целулитот, на пазарот можете да најдете неколку добри продукти на база на кофеин, но има и некои кои можете да ги направите самите дома. Еве неколку домашни рецепти со кои можете да го започнете вашиот третман против целулитот:


Рецепт 1

  • 240 мл топло сварено кафе
  • 1 белка од јајце
  • 1 супена лажица маслиново или ему масло

Постапка: Искомбинирајте ги сите состојки за да создадете смеса. Со неа масирајте ги деловите со целулит, правејќи нежни кружни движења, а пота исплакнете. Исто така, можете смесата да ја намачкате на пределите и да го замотате тој дел со најлонска фолија. По 5 до 10 минути отстранете ја фолијата и измасирајте со кружни движења. На крајот убаво исплакнете. За најдобри резултати, употребувајте ја смесата 3 пати неделно.


Рецепт 2

  • топол талог од кафе
  • 1 супена лажица маслиново масло

Постапка: Состојките измешате ги убаво за да добиете паста. Потоа со раце или со луфа нанесете на пределите со целулит. Масирајте и на крајот исплакнете. Ова постапка правете ја неколкупати во текот на неделата.


Рецепт 3

  • мелено кафе
  • лосион или гел за тело

Постапка: Во вашиот гел за тело или лосион, ставете една доза мелено кафе. Намачкајте го телото, почекајте неколку минути и потоа исплакнете. Ова правете го секој ден. За подобри резултати употребувајте свежо мелено кафе, а доколку немате, заменете го со инстант кафе.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Edna dama Reply

    Maskite nemaat koza vo oblik na kora od portokal bidejki nivnata koza e podebela sreka nivna hehe

  2. fance Reply

    impresivno interesno i korisno

  3. anomis Reply

    ili samo talog od kafe so malce sol, se tries namestata so celulit i ostavas 10 min da postoi talogot na nozete =]] ja koristam i ima odlicni rezultati a baska sto i prai piling na kozata i e mn meka =]

  4. анонимна Reply

    …почесто е видлив кај жените отколку кај мажите, поради начинот на кој жените ги складираат мастите… и да не заборавиме дека ние се депилираме а они остануваат влакнести ко мајмуни! :)

Остави коментар