Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“?

Корпорацијата „Старбакс“ (Starbucks) денеска претставува еден од најдобрите интернационални брендови, со седиште во Сиетл, Вашингтон, САД. Таа е најголемиот синџир на кафе-продавници во светот, која заклучно со 2010 година, вбројува 17.009 продавници, од кои преку 11.000 се во САД, 1.000 во Канада и околу 700 во Велика Британија. Продавница на Старбакс можете да сретнете во повеќе од 55 земји низ светот, а во нив работат околу 137.000 луѓе.
Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“Првата продавница била отворена во Сиетл, на 30 март 1971 година од страна на тројцата пријатели Џери Болдвин, кој бил професор по англиски јазик, Цев Сигл, наставник по историја и Гордон Боукер кој бил писател. Во периодот од 1971 до 1975 година, продавницата била лоцирана на „2000 Western Avenue“, за потоа да биде преместена на улицата „1912 Pike Place“ каде што сè уште постои.
Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“Компанијата почнува да се проширува дури во 1984 година, кога ја отвора својата прва продавница во Ванкувер, а набрзо потоа и во Чикаго и Илиноис. Во 1992 година, кога компанијата ја има својата прва јавна понуда на берзата, таа веќе има 165 продавници низ САД. Првата продавница надвор од Северна Америка, Старбакс ја отвори во Токио, Јапонија во 1996 година. На тлото на Европа, првата продавница ја отвори во Велика Британија во 1998 година, а во Латинска Америка во 2002 година во Мексико Сити. Во 2003 година својата прва продавница ја доби и Јужна Америка, лоцирана во Лима, Перу. Африка својата прва продавница ја доби во 2010 година, за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка.
Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во последниве 10 години, компанијата се посветува на купување дел од други познати компании и ребрендирање на нивните продавници. Меѓу овие компании се вбројуваат „Torrefazione“ од Италија, „ Diedrich“ од САД и други слични компании.
Како е изграден светскиот бренд „Starbucks“Во нашата соседска околина, кафињата на Старбакс можете да ги вкусите во Грција и Бугарија. Успехот на оваа компанија се должи на нивниот квалитет, богатата понуда на кафиња како и на брзата и љубезна услуга.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар