Филм: Лавиринт – Невозможно бегство (The Maze Runner)

Дали сте доволно храбри да ја преминете безбедната линија?

Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner)Режија: Вес Бол

Улоги: Дилан Обрајан, Ки Хонг Ли, Каја Скоделарио

Времетраење: 113 минути

Јазик: англиски

Премиера: 19 септември 2014

Жанр: акција, мистерија, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (37 гласа, просек: 9.62 од 10)

Loading...Loading...

Приказната започнува со младиот Томас кој се буди во лифт, со амнезија. Кога лифтот ќе застане, тој ќе се најде опкружен од голем број адолесценти и бидејќи нeма да сфаќа што се случува ќе се обиде да избега. Но, неговите нови „пријатели“ ќе го спречат и ќе се обидат полека да му објаснат каде точно се наоѓа во моментот. На почетокот Томас не се сеќава на ништо, но по силен удар во неговата глава брзо ќе се потсети на неговото име. Изгледа дека тоа е единственото нешто кое ТИЕ им дозволуваат да го задржат од својот живот.

Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner) Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner)

Томас и уште 60-тина момци, од кои никој не се сеќава на својот живот претходно, се опколени со огромен ѕид во чии рамки тие живеат. Тие се тука безбедни, преживуваат, но зад ѕидовите се наоѓа огромен лавиринт кој досега никој не успеал да го премине, бидејќи тој секоја вечер постојано се менува. Вратата кон лавиринтот е отворена дење, но се затвора ноќе со цел да ги заштити од застрашувачките суштества кои талкаат низ него. За време на денот, оние кои се најбрзи и најсилни трчаат низ лавиринтот со цел да најдат излез, но пред да се затворат вратите се враќаат назад бидејќи досега никој не успеал да ја преживее ноќта од другата страна на вратата.

Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner) Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner)

Доаѓањето на Томас брзо ќе предизвика огромни промени, па токму затоа дел од момците ќе почнат да се сомневаат во него. Овие промени ја вклучуваат и првата девојка во тимот, со порака дека е последната која некогаш ќе им се придружи. Но, храброста на Томас, која на моменти се граничи со лудост, набрзо ќе успее да ги убеди овие луѓе дека тој е на нивната страна и дека сака да излезе од тука исто толку колку што сакаат и тие. Токму затоа тој ќе почне да ги истражува бескрајните ходници на овој лавиринт и набрзо ќе почне да открива дека работите не се баш онака како што изгледаат…

Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner) Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner)

Доколку сте љубители на постапокалиптични општества со алтернативни начини на живеење, тогаш оваа приказна со сигурност ќе ви се допадне. Дејствијата брзо се развиваат, а настаните се исполнети со многу мистерија и исчекувања кои без сомнение ќе ви го одржуваат вниманието насочено кон ликовите и нема да му дозволат на вашиот ум да лута. Но, да ве предупредиме, овој филм е базиран според книга, трилогија, па токму затоа очекувајте крај кој нема да ви ги разјасни баш сите оние нешта кои се случија. Вториот дел од филмот се очекува да излезе во септември, 2015 година, додека за третиот сè уште нема информации.

Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner) Филм: Лавиринт - Невозможно бегство (The Maze Runner)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    ova e najdobar film sto moze da se snimi neznam zosto ste ocenale 8/10 ovoj film bi trebalo da ima ocenka duri poveke i od desetka

  2. Anonymous Reply

    monogu dobar film ovij film treba da se oceni poveke i od desetka

Остави коментар