2 шворц девојки (2 Broke Girls)

ТВ серија за животот во беда, кој и не е така лош кога ќе се погледне од комичната страна

2 шворц девојки (2 Broke Girls)Главни улоги: Кет Денингс, Бет Берс, Герет Морис

Жанр: комедија

Премиера: 19 септември 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 22 минути

Број на сезони: 1

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (62 гласа, просек: 9.18 од 10)

Loading...Loading...

————————————————————————————————————————————————–
Секој од нас се раѓа во различна средина, е воспитуван на различен начин и му се овозможени различни услови. Тоа нè прави она што сме кога веќе сме доволно зрели за да донесуваме сопствени одлуки за тоа како ќе го живееме животот.

Шворц или не, средства се неопходни барем за да се овозможи минимална егзистенција. Но, што се случува кога две девојки со различен социјален статус ќе се најдат „во иста каша“? Сепак, и покрај сите маки да се заработи за да се преживее, изгледа како да има нешто симпатично во нивните животи. Веројатно тоа е поради спојот на два сосема различни карактери од кои секој го вади подоброто од другиот.
————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Макс е келнерка во локално кафуле, која одамна самата се грижи за себе за да си овозможи егзистенција во животот. Таа е самоуверена, крута, полна со иронија, но истовремено и слатка. Овде доаѓа да работи блондинката Керолајн, која цел живот јадела по скапи ресторани, носела брендирана облека и се школувала во елитни образовни институции. Патот ја носи овде бидејќи нејзиниот татко, кој бил изворот на сите овие благодети во нејзиниот живот, е фатен за проневера. Тој завршува во затвор, губат сè, па Керолајн мора да почне да учи сама да се снаоѓа во животот. Така таа почнува заеднички живот со Макс, која ја прифаќа под својот покрив.2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)2 шворц девојки (2 Broke Girls)Иако сиромавите знаат да бидат зајадливи, а богаташките празноглави, во серијата е дозирана примената на стереотипи и можеме да видиме како едните можат да учат од другите. Целта на двете девојки е да заработат доволно пари за еден ден да отворат сопствена слаткарница каде ќе ги продаваат неодоливите колачи на Макс, кои сега ги продаваат во кафулето.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Хумор: Хуморот е освежувачки, карактеристичен, на моменти нападен и чест. Различен од оној на кој сме навикнале од другите серии. Може да ви се допаѓа или не, но најверојатно, во најмала рака би ви бил прифатлив. Уште во пилот епизодата ќе се изнасмеете квалитетно неколку пати, а од десетте епизоди колку што се емитувани досега, ќе научите добри финти за „залепување“ луѓе во фаца.2 шворц девојки (2 Broke Girls)Кога и како да ја гледате: Па и не постои правилно време за гледање кратка комедија. Добредојдена е секогаш, а најубаво доаѓа после завршување со работните обврски или пред легнување. Не мора да чекате да ви се соберат повеќе епизоди. Секоја е спакувана толку долго и со толку хумор за да ви биде сосема доволно.2 шворц девојки (2 Broke Girls)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Marija Reply

    bravo za vas kafe pauza, sekoash ste in, so site novi i dobri slucananja!super serija:)

  2. Keti Reply

    Na koj kanal ja emituvaat

Остави коментар