Печатач на персонализиран мини дневен весник

Печатач на персонализиран мини дневен весник

Нашето секојдневие доби поинаков облик. Секое утро читаме дневни вести на интернет, се чекираме секаде каде што одиме, со помош на апликации на нашите паметни телефони ги забележуваме дневните задачи и ги „помниме“ родендените на нашите блиски.

Технологијата ни го олесни животот, овозможувајќи ни да правиме многу работи со помош на нашите мобилни уреди. Но и тоа не беше доволно. Сега повторно сакаме да читаме и пишуваме на хартија. Изумот „Little Printer“ е уред кој ги печати содржините од интернет за кои вие сте заинтересирани во вид на мини дневно печатено издание.Печатач на персонализиран мини дневен весникИдејата е „Little Printer“ да претставува нов пријател во вашата средина, во домот или на работното место. Користи повеќе апликации, односно публикации, на кои можете да се претплатите за да ги добивате во вашата дневна печатена верзија. Тоа може да е потсетник за родендените на вашите пријатели и роднини, судоку, насловите од познатите весници и списанија и тоа според темата што ве интересира итн.Печатач на персонализиран мини дневен весникПечатач на персонализиран мини дневен весникСе управува со помош на вашиот мобилен телефон, а има поддршка за Ајфон и за Андроид базирани смартфони. Печатач на персонализиран мини дневен весникИзумителите од BERG велат дека можете да печатите и повеќе изданија на ден, но тие препорачуваат да се печати по едно весниче наутро, на излегување од дома и едно навечер пред да заврши денот.Печатач на персонализиран мини дневен весникЌе може да почне да се нарачува во 2012 година. Детали околу цената и спецификацијата на хартијата која ќе ја користи сè уште не се објавени.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар