Во која од овие 3 психофизиолошки енергии спаѓа вашиот знак и што значи тоа?

Во која од овие 3 психофизиолошки енергии спаѓа вашиот знак и што значи тоа?

Се верува дека трите доши според ајурведата (традиционална медицина што потекнува од Индија), ги контролираат сите телесни функции на човекот. Зборот „доша“ во превод значи „сокови на телото“ или „маани“ бидејќи нивното нарушување предизвикува болест.

Во која од овие 3 психофизиолошки енергии спаѓа вашиот знак и што значи тоа?

Постојат 3 видови доши: вата, пита и кафа. Тие се комбинација од два елементи. Според ајурведата, универзумот се состои од 5 основни елементи: етер, воздух, оган, вода и земја. Овие 5 елементи исто така ја чинат и човечката физиологија.

Ватата е комбинација од етер и воздух, питата од оган и вода, додека пак, капата од вода и земја. Ватата е одговорна за сите видови движења, за дишењето, емоциите, апсорпцијата и лекувањето рани како и за работата на нервниот систем. Питата го контролира варењето на храната, крвта, имунитетот и виталноста, хормоналните процеси, телесната температура и интелигенцијата. Кафата го координира анаболизмот, го снабдува телото со вода, одговорна е за здравје, раст и одржување на организмот. Па, каде припаѓа вашиот знак?

Вата: Близнаци, Девица, Вага, Јарец и Водолија.

Пита: Овен, Лав, Стрелец.

Кафа: Скорпија, Рак, Риба и Бик.

Вата

Припадниците на вата се по природа променливи, во еден момент преполни со енергија, додека пак веќе во следниот воопшто ја немаат. Тоа се случува бидејќи им недостасува сила да завршат што било започнат, без разлика на нивната изразена чувствителност на промените во околината. Овие личности силно реагираат на звуци (бидејќи ватата има чувствителен слух) и токму затоа најчесто не сакаат бука и гужва.

Припадниците на вата се интровертни, слабички и со долги коски кои често се слаби и кревки. Тие немаат висока прекумерна тежина, додека пак мускулатурата може да им биде слабо развиена. Но, токму затоа кај нив се изразени брзината и флексибилноста. Тие најчесто патат од вкочанетост поради сувост и недостаток на ткива. Малата телесна тежина им ја намалува еластичноста на зглобовите и живците поради хидратација на ткивата. Овие личности обожаваат да бидат активни и експресивни, како физички, така и ментално, па токму затоа и обожаваат да прават нови нешта.

Пита

Овие личности имаат средна тежина и витка телесна градба. Тие не поднесуваат топлина и се склони кон нетрпение и испади на лутина. Имаат добар талент за говор, голем апетит, добро варење, но и проблеми со непцата (непријатен мирис во устата), како и кожни нечистотии. Тие имаат добро урамнотежена линија, сакаат акција и можат да бидат многу темпераментни. Бидејќи нивниот живот е многу динамичен, тие често веруваат и дека храната не е многу важна.

Кафа

Припадниците на кафа имаат силна и тешка телесна градба. Тие работат бавно и темелно. За нив е карактеристичен добриот и длабок сон, бавното сфаќање и доброто и долготрајно помнење. Тие се балансирани, а понекогаш дури и премногу мирни и дисциплинирани. Имаат мрсна кожа и најчесто се корпулентни, бавни и со смирен и промислен карактер. Тие јадат многу и уживаат во храната која ја консумираат.

Здравјето силно им зависи од следењето на својата доша, бидејќи луѓето како раса се исклучиво деструктивни кон себе. Во наталните карти најчесто проблемот настанува со владетелите на шестата или осмата куќа, а бидејќи тие цврсто веруваат во своите перцепции на реалноста, тешко ги признаваат грешките. Оние припадници на капа кои не се подготвени да го менуваат своето мислење, не се подготвени ниту на лечење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар