Овие 3 хороскопски знаци ги очекува вистински љубовен бродолом за време на пролетта

Овие 3 хороскопски знаци ги очекува вистински љубовен бродолом за време на пролетта

Дали сте забележале некакви промени во врската со вашиот партнер? Дали одеднаш се чувствувате запоставено или како секое недоразбирање да ви преминува во голем конфликт? Ако верувате во астрологијата, тогаш овие чудни однесувања можат да му се препишат на ретроградниот Меркур. Ако еден од следните 3 хороскопски знаци е ваш, тогаш постојат шанси периодов да доживеете емотивна болка, како и да научите важни животни лекции кога станува збор за љубовта.

ovie-3-horoskopski-znaci-gi-ochekuva-vistinski-ljuboven-brodolom-za-vreme-na-proletta-www.kafepauza.mk

1. Рак

Ракот тешко ќе ги поднесува промените што доаѓаат со Меркур. Токму затоа и лесно ќе се дистанцира од луѓето, дури и од оние што би можеле да му помогнат полесно да се избори со своите емоции. Ракот може дури и да почне да се чувствува отфрлено и запоставено во врската, па поради тоа да започнува караници и во најлош случај да стави крај на врската. Ако ова се случи, треба да им на ум дека не е негова вина и дека не може да го промени начинот на кој светот го доживува. Меркур дава лекции за граници, па така и ќе го научи Ракот дека мора да ги почитува своите, но и туѓите граници. Ако овој период му донесе крај на врската, тоа ќе биде добар начин да научи како подобро да се заштити од влијанието на светот. Сè што е потребно е да пронајде луѓе со кои ќе може да биде оној што навистина е.

2. Вага

Вагата мрази кога нештата не ѝ се во рамнотежа, но токму рамнотежата е таа што е прва на мета на Меркур. Постојат големи шанси припадниците на овој знак да доживеат поголем стрес оваа сезона. Со оглед на тоа што го сакаат луксузот што доаѓа со пролетта, тие можеби се чувствуваат и како да немаат доволно удобност во животот. Вагата треба да има на ум дека понекогаш мора да се најде во непријатна ситуација за да обрне внимание на тоа што ѝ се случува. Непријатноста е повик да почне да ги менува оние нешта што не ѝ одговараат. Исто така, понекогаш мора да се случи и сериозна љубовна караница за Вагата да разбере каде греши и како може да ја подобри врската со партнерот.

3. Скорпија

Некои животни лекции многу бавно се учат… со оглед на тоа што Скорпијата и бавно го живее својот живот, притисокот од Меркур може да ѝ предизвика вистинска емотивна експлозија. Тоа може да доведе до раскинување, поттикнато од страна на Скорпијата. Причината за тоа најверојатно бил притисокот што таа го чувствувала во врската и што најмногу се однесувал на промените. Во овој процес, тие ќе бидат поповредени и од другата страна. Ако универзумот предизвикува промени во животот на Скорпијата, тоа е знак дека таа е подготвена да ги преживее. Па, понекогаш дури и нешто лошо како раскинувањето може да донесе нешто добро во животот…

Пролет: Совршен период за ослободување од токсичните луѓе во животот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар