ТВ серија: Сирена (Siren)

ТВ серија: Сирена (Siren)

Животот во мал град познат како дом на сирени ќе се преврти наопаку откако ќе се појави мистериозна девојка

(1) tv-serija-sirena-siren-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Алекс Ро, Елин Пауел, Фола Еванс-Акингбол

Креатори: Ерик Волд, Дин Вајт, Емили Вајтсел

Жанр: драма, фантазија

Премиера: 29 март 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9,40 од 10)
Loading...

 

Изгледа дека зомбињата и суперхероите се тема на минатото и оваа година, за прв пат по многу долго време, голем замав земаат приказните за чудовиштата што демнат од океанските длабочини. Тоа може да се забележи и во оваа ТВ серија, каде што сирените се преставени како сурови ловци. Имајќи го тоа на ум, ако очекувате да ја видите Ариел во бајковита средина, тогаш оваа ТВ серија ќе биде огромно разочарување за вас.

(2) tv-serija-sirena-siren-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-sirena-siren-www.kafepauza.mk

Дејството се случува во Бристол Коув, крајбрежен град што е познат како дом на сирените. Но, и покрај тоа што градот има таква репутација, ниту неговите жители, ниту туристите не веруваат во нив. Сирените се само уште еден мит што авантуристите го истражуваат, а децата го раскажуваат покрај камперските огнови во доцните ноќни часови. Но, тоа ќе се смени откако група рибари случајно ќе уловат една сирена.

(4) tv-serija-sirena-siren-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-sirena-siren-www.kafepauza.mk

Барајќи ја својата пријателка, мистериозната сирена Рин (Елин Пауел) ќе излезе од длабочините и ќе прооди на земјата. И иако изгледа како млада и исплашена девојка, таа е далеку од тоа. Рин е безмилосен убиец што нема да дозволи ништо да ѝ застане на патот до својата пријателка. Таа полека ќе почне да учи како функционираат сувокожите суштества познати како луѓе и дека некои можат да ѝ помогнат, додека пак, други можат и да ја повредат. Таа секојдневно ќе собира сè повеќе информации и ќе се доближува до исчезната сирена по која трага…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар