Запознајте го најтажното кученце на светот

Ако некогаш сте се обиделе да си замислите булдог со веѓи, тогаш нема да можете да престанете да ги гледате фотографиите од ова куче! Англискиот булдог од Германија, со урнебесното име Мадам Ајбраус (Госпоѓа Веѓи) има невообичаени сиви линии над очите што изгледаат како веѓи во уникатна позиција, правејќи го изразот на кучето постојано тажен.

(1) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk

Кога ја гледате Мадам Ајбраус не можете да не помислите дека таа нема ниту една радост во нејзиниот живот. Но, според нејзината сопственичка, Џанина, изгледот на кучето дава сосема погрешен впечаток. Всушност, Мадам е многу среќно и будалесто куче.

(2) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk

„Во реалниот живот, ќе ви требаат само неколку минути за да сфатите дека таа е навистина среќна“, вели Џанина. „Ние не го гледаме нејзиното тажно лице. Ние гледаме колку е забавна таа.“

(3) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk

Таа обожава да се гали и постојано го мрда опавчето во знак на возбуда. За жал не можеме да ја видиме нејзината среќа во овие фотографии, но можеме да се посмееме на нејзиниот израз што делува како да ѝ се срушиле сите светови пред неа…

(5) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk(4) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk (6) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk (7) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk (8) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk (9) zapoznajte-go-najtazhnoto-kuchence-na-svetot-www.kafepauza.mk

Запознајте ја i Луху: Најтажното маче во светот што ќе ви го скрши срцето!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар