Љубовен астролошки профил за женски скорпии

Љубовен астролошки профил за женски скорпии

Ако сте заинтересирани за жена со хороскопски знак скорпија, тогаш мора да сте многу храбар маж. Таа е најексплозивниот и најинтензивниот хороскопски знак во зодијакот. Скорпијата е емоционално и физички моќна личност, со која не можете да си поигрувате. Ако пробувате да си играте играчки со неа, бидете сигурни дека таа ќе ве победи и ќе ве остави сами во ќошот да плачете со прстот во уста и да ја повикувате мајка ви на помош. Не постои простор за манипулација со овие девојки.Љубовен астролошки профил за женски скорпииАко се однесувате лошо со неа, ги загрозите нејзините или емоциите на најблиските луѓе кои ù се во животот, таа ќе ве отпише од „списокот“ на живи луѓе. Во нејзиниот свет, работите или се случуваат како што треба или не се случуваат воопшто и нема простор за ништо измеѓу. Прво прашање коешто треба да си го постават момците кои се заинтересирани за скорпија, е дали се целосно подготвени за неа?

Претставничките на овој знак зрачат со финеса, мистериозност и волшепство. Тие на мажите знаат да им ја понудат идеалната количина на предизвик и соодветно да ги наградат кога го заслужуваат тоа. Скорпиите се многу емотивни и интуитивни. Тоа им дава една необична способност да ги откријат вашите задни намери, многу кратко откако ви поминале низ умот. Затоа, поштедете се себеси од срамот и останете реални кога ù пристапувате на вашата скорпија.

И покрај тоа што женските скорпии се многу среќни кога се во љубовна врска, сепак тоа не значи дека таа лесно ќе го даде нејзиното срце на некој маж. Многу е можно да има проблем да им верува на луѓето, бидејќи знае што значи да се чувствуваш повредено и разочарано – го осетила тоа на своја кожа повеќепати. Секој потенцијален партнер, ќе мора прво да помине низ серија од тестирања, за да може да дојде до стадиум во врската, во кој таа целосно ќе му ја отвори нејзината душа.

Ако момчето до неа умее да води добар разговор, поседува одреден степен на елеганција или има специфичен стил на однесување, најверојатно ќе успее да го освои ова мистериозно срце. Сè што треба да направи момчето кога ќе ја запознае, е да започне дијалог, во кој ќе се потруди да направи таа да се чувствува релаксирано и удобно. Значи мажи кои сакаат со сила да го наметнат своето знаење, самодоверба или интелигенција, не се добредојдени во нејзиниот живот. Таа верува само во оние искрените, кои не се плашат да ги покажат своите најдлабоки чувства.Љубовен астролошки профил за женски скорпииСкорпиите имаат голем опсег на интереси. Некои од нив слободно ги споделуваат со луѓето околу нив, а за некои ќе морате да бидете подолго дел од нејзиниот живот за да ги дознаете. Ниедна тема не е табу или надвор од дозволените граници за неа, ако знаете добро да ја поставите темата на разговор. Овие жени се отворени за нови животни искуства и секогаш се расположени да пронајдат нешто кое ќе ја разгори нивната страст. Тие ја обожаваат страста и се привлечени од неа. Колку повеќе нејзиниот партнер е страстен за некоја работа, толку повеќе таа ќе му се восхитува. Исто така, неа ù се допаѓа кога луѓето внесуваат страст во разговорот кој го водат. Дозволете ù да зборува кога ù се збори, но не форсирајте теми за кои не е во моментот расположена. Кога ќе дојде време, сама ќе ви каже сè што сакате да знаете.

Бидете сигурни дека 100% сте посветени на вашиот прв разговор со скорпија. Неа ù е многу битен првиот впечаток кој го оставаат луѓето. Ако сте ја слушале внимателно, ќе ви биде лесно да испланирате состанок со неа. Не е битно каде ќе ја одведете, битно е да ù посветите внимание и да ù покажете дека сакате да биде со неа токму на тоа место и во тоа време. Таа ќе ве посматра тогаш кога најмалку ќе го очекувате тоа. Покрај тоа што треба да бидете посветени на вашиот однос со неа, можете да ја искористите и нејзината моќна сексуална природа, така што ќе ја допирате додека разговарате. Држете ја за рака, погалете ја по рамената или прегрнете ја додека си муабетите, бидејќи спонтаните допири се сигурен начин за да ја заведете.Љубовен астролошки профил за женски скорпииЖенските скорпии се истовремено и оган и мраз. Таа очекува да ù се предадете 100% на вашата врска со неа. Умее да даде многу, но и очекува многу за возврат. Ако сте имале неколку состаноци со неа, веќе ви е јасно колку интензивна и страсна жена е скорпијата. Момците кои си имаат работа со скорпија, можат да се најдат во позиција да се заљубат во жена, за која знаат многу малку работи, но не им е ни гајле, бидејќи се многу „залетани“ по неа. Кога еднаш ќе сфати дека сте нејзини, таа ќе сака да добие сè од вас. Таа е посесивен и сензуален љубовник кој го сака вашето тело и душа. Ќе ве љуби со истиот интензитет, како оној кој го поседува во себе и добро ќе се грижи за вас.

Кога станува збор за сексот со жена-скорпија, може да се каже дека не постојат зборови во речникот кои можат да го опишат. Жесток, интензивен, страстен, емотивен… За да знаете, морате да го искусите прво. Таа истовремено ја вжештува и разладува температурата на вашето тело и ги задоволува вашите потреби. Зрачи со сексапил и има многу здрава и нормална фантазија. Не се плаши ниту да експериментира, така што не плашете се да ја споделите вашата имагинација со неа.

Во врска со скорпиите има една добра и една лоша вест. Добрата вест за оние кои се заљубени во девојка со овој хороскопски знак е фактот дека не е наметлива девојка. Таа го цени нејзиното приватно време, слобода и независност, така што не треба да се грижите дека ќе манипулира со вашето време. Не толку добрата вест е дека таа има одмаздољубива природа и ако еднаш ја изневерите нејзината доверба во вас, најверојатно ќе треба засекогаш да се збогувате од неа. Имајте на ум дека сè додека сте искрени и отворени со неа, никогаш нема да ù згрешите.Љубовен астролошки профил за женски скорпииКлучот на секоја љубовна врска е отворената комуникација, а тоа особено важи за оние кои се во врска со скорпија. Ако сметате дека не сте на иста „бранова должина“ со оваа девојка, а сепак не можете да ја оттргнете од вашите мисли, бидете тотално искрени и кажете ù што сакате. Без разлика дали сакате да имате отворена врска или да бидете само пријатели за секс, кажете ù го тоа. Тоа е подобар избор, отколку да ја видите нејзината гневна страна, зашто не сте биле искрени со вашите чувства кои ги имате за неа. Нема потреба да се плашите од скорпиите. Тие се жени кои ќе ги разбудат вашите сетила, ќе ве одведат на нови височини и ќе направат да се чувствувате живо и сакано како никогаш досега.

Прочитајте љубовен астролошки профил и за машки скорпии.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.