Љубовен астролошки профил за машки скорпии

Мажите родени во знакот на скорпија ја имаат моќта во врската. Тој може да ве погледне во очи, преку нив да навлезе длабоко во вашата душа и да дознае како може да ве натера да го посакувате и да сторите сè што ќе побара од вас, без да го помрдне ниту малиот прст. Неговата мистериозна, страсна и напната природа е инспирација за главниот лик во љубовните романи. Сè што поседува во себе, вриска од моќ: неговите длабоки емоции, дрско однесување и најважно од сè, неговиот неодолив сексапил. Мажите родени во хороскопскиот знак скорпија се како подвижни магнети и не можете да се борите против таквата привлечност.Љубовен астролошки профил за машки скорпииВпрочем зошто би се бореле против неговиот магнетизам? Само се залажувате себеси дека е тоа воопшто возможно. Вие сакате да дознаете што се крие зад неговиот интензивен мистериозен поглед. Сакате да дознаете што си мисли. Сакате да дознаете какво е чувството да водите љубов со него. Што е најтрагично, тој може сè уште да не ви кажал ниту еден збор, а вие да не можете да престанете да мислите на него. Дадете му знак дека сте заинтересирани, предадете му се и дозволете му да ве поведе на неговата прошетка. Но, пред да го направите првиот чекор, запрашајте се колку цврст карактер имате. Можете ли да чувствувате, размислувате и да се однесувате, користејќи ги сите ваши сетила истовремено? Ако можете, тогаш направете си услуга на себеси и почнете да ја освојувате вашата скорпија. Ако не сте доволно емоционално длабока личност, тогаш најверојатно ова момче не е за вас.

Немојте да се плашите да му пристапите. Наместо да одите да му го побарате телефонскиот број, дајте му го вашиот. Кажете му дека е многу атрактивен и да ви се јави доколку сака да проведе време со вас. Тој многу лесно се возбудува кога девојка го прави првиот чекор. Тој сака самоуверени девојки со јако изразена сексуалност. Таквите особини му кажуваат дека без разлика што и да се случи помеѓу вас, вие ќе бидете подготвени за тоа. Кога ќе ви се јави, дозволете му го да испланира состанокот. Машките скорпии се фасцинантни суштества, така што со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Местото каде што ќе решат да ве одведат за вашиот состанок, на некој начин ќе претставува рефлексија на неговата личност.Љубовен астролошки профил за машки скорпииДодека сте заедно, посветете му го целото ваше внимание. Скорпиите се ловци на детали и кога најмалку ќе бидете свесни, тој ќе ве посматра и ќе ги документира сите нијанси на вечерта помината со вас. Кога ќе се подготвувате пред излегување со скорпија, дотерајте се убаво. Имајте на ум дека излегувате со моќно сензуален маж. Акцентирајте ги најдобрите делови од вашето тело. Ако имате големи гради, облечете провокативна блуза, која нема да открива премногу, а ако имате добар задник, облечете ги најтесните пантолони кои ги имате. Доколку забележувате дека тој не може да го тргне погледот од вашите усни додека зборувате и во очите му „светка“ страст, тоа е знак дека сте ја постигнале вашата цел на првиот состанок.

На емотивен план, никогаш не треба да се сомневате во тоа колку вашата скорпија ве посакува. Неговата љубов ќе ја почувствувате со секој дел од вашето тело. Кога вашата љубовна врска ќе созрее и кога тој ќе ве запознае добро, ќе знае и како да ви го даде токму она што ви е потребно од еден маж. Она што треба да го сфатите, е дека за да ви го пружи сето задоволство кое ви треба, мора тој да ја има контролата во вашата врска. Скорпиите имаат една необична особина, со која ги збунуваат другите луѓе, поради што некогаш се сметаат за најтешко сфатливиот знак во зодијакот. Немојте никогаш оваа нивна особина да си ја сфаќате лично, бидејќи тој само се обидува на милион начини да ви објасни како се чувствува и очекува од вас внимателно да го слушате додека го прави тоа.

Скорпиите се слични како животното кое ги претставува – бистри, внимателни и непредвидливи. Тој постепено ќе ги планира неговите чекори, никогаш нема да си го троши времето, но никогаш нема ниту да избрзува со заклучоци. Сите негови љубовни врски најверојатно ќе ја следат ваквата шема. Тој е многу независен и повлечен. Понекогаш неговата таинственост и мистериозност е збунувачка за другите луѓе.

Скорпијата нема да ве „боцне“ со нејзината опашка, ако не ја загрозите на некој начин. Во принцип, претставниците на овој знак се директни и страсни. Благодарение на нивната интуитивна природа, скорпиите ги разбираат потребите на нивниот партнер и ќе направат сè што е во нивна моќ за да му ги задоволат. Понекогаш можеби ќе ви биде тешко да се справите со него, но бидете сигурни дека тој ќе направи да се чувствувате како да сте центарот на универзумот… се разбира доколку сте лојални спрема него.Љубовен астролошки профил за машки скорпииСкорпиите се доживуваат себеси и нивните љубовни врски многу сериозно. За да го задржите покрај себе морате да ги делите истите ставови. Бидете нежни, верни, отворени и предани кон вашата скорпија. Овие карактеристики плус вашата емоционална длабочина, ќе допрат до неговото срце. Немојте да го заведувате ако не планирате да имате долга и значајна љубовна врска со него. Играњето „валкани игри“ со скорпија не е воопшто паметен потег. Ако сакате цврста интимна врска со него, немојте ни да помислувате да го правите љубоморен за да видите како ќе реагира. Немојте да играте никакви игри кои ќе ја вклучат неговата заштитна ограда. Ако му згрешите тој нема ниту да ви прости, ниту ќе заборави, туку ќе сака да ви се одмазди за болката што сте му ја нанеле.

Скорпиите се екстремисти и имаат многу интензивна природа. Тие живеат според мотото „сè или ништо“. Тие се длабоки, страсни луѓе и во нив се крие многу повеќе, од она што однадвор е видливо. Она што лежи длабоко скриено во нив е една бескрајна моќ, страстен сексапил и силен карактер. Овие мажи се одлични заштитувачи и во нивни раце секогаш ќе се чувствувате безбедно и љубено. Со личноста во која ќе се вљуби ќе биде многу сочувствен, тотално лојален и дарежлив. Поточно кажано, љубовната врска која ќе ја имате со некоја скорпија, ќе биде исто толку цврста, како магнетизмот кој ве повлече кон него на почетокот.Љубовен астролошки профил за машки скорпииПрочитајте љубовен астролошки профил и за женски скорпии.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. scorpy Reply

    Auuuu kakvo laskanje. Mi go krena egoto Krisitna so tekstov =)

  2. Bojan Reply

    Супер!!! Браво Кристина, ова е повеќе од што очеував!!! Секоја чест…
    инаку би те замолил да ги доставиш и останатите пријателски комбинации(скорпија- јарец,водолија и РИБИ) бидејќи имаш навистина добри извори…
    Ти благодарам однапред :)

    • Кристина Шумадиева Reply

      Благодарам Бојан. :) Очекувај ги сите пријателски комбинации за скорпија до четврток. Поздрав

  3. sofija merdzanoskla vranesevic Reply

    Me voodusevivte so vasiov opis za maska Skorpija…covek da posaka da si ima edna pokraj sebe…..:)

  4. sase Reply

    ova e tacno bravos za kristi se prepoznavam vo tekstov

  5. Nikolas Reply

    ae zamislete maska skorpija so zenska skorpija vo ljubovna vrska,ke izgledaat odlicno iako jas sum skorpija i mojata devojka e skorpija

  6. ema Reply

    heheh… padnav na maska skorpija.. me polude so samo eden pogled.. a sea sum na oblaci… :) :)

  7. beba Reply

    kako bi bilo skorpia i laf vo frska

  8. alek Reply

    se tocno, sekoja cest za tekstov GOLEM LIKE..

Остави коментар