Зошто жителите на Крит и Сардинија имаат најдолг животен век?

Зошто жителите на Крит и Сардинија имаат најдолг животен век?

Исхраната отсекогаш била главна тема на разговор, но од неодамна се става голем акцент на здравата храна, којашто иако не може да го продолжи самиот живот, сепак може да го направи поквалитетен. Според најновите истражувања, најздравата исхрана е всушност медитеранската диета. Експертите ги истакнуваат Крит и Сардинија како пример за оваа исхрана, каде што луѓето живеат најдолго.

На пример, жителите на Крит и Сардинија, целиот свој живот во исхраната користат маслиново масло, риба и многу овошје и зеленчук, додека консумирањето животински масти е сведено на минимум. Нивниот пример треба да го следат сите, особено кога станува збор за јадењето риба, бидејќи таа е богата со омега 3 маснотии што го одржуваат вашето здравје на високо ниво. Исто така треба да јадете и што е можно повеќе зеленчук.

Без разлика дали сте постари или помлади, вие треба да имате 5 умерени оброци во текот на денот, како и ужини кои вклучуваат јаболка или шолја обезмастено млеко. Сепак, треба да знаете и дека организмот точно знае што му е потребно, па затоа и треба повеќе да го слушате и да му направите распоред на исхрана што најмногу му одговара.

Исто така, понекогаш може да се случи да се заборава на внесувањето течности, па затоа и треба да имате навика да пиете вода или чаеви дури и кога не сте жедни. Во оваа комбинација е дозволено и кафе, но само во умерени количини. Исто така и чаша вино може да направи чуда за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар