Зошто вината е бесцелна емоција и како да ја надминете?

Поголемиот дел од вината што ја чувствуваат луѓето воопшто не е резултат од ужасните нешта што ги направиле. Поголемиот дел од неа се појавува во форма на сомневање во себе, самокритика и самоказнување. Се разбира, многу луѓе направиле и лоши нешта. Убиството, крадењето, лажењето, неверството и слично се само неколку примери. Но секоја од овие постапки е „заглавена“ во уникатен контекст кој ги диктира субјективните поими за добро и лошо.

Зошто вината е бесцелна емоција и како да ја надминете?

Покрај тоа, каењето што го чувствуваме откако ќе повредиме некого не е исто со вината. Каењето е одлика на човечноста, но вината е воглавно бескорисна емоција. Поголемиот дел од вината што ја чувствувате е насочена кон вас, како на пример, кога не исполнувате нечии очекувања. Ова може да биде поврзано со работата, љубовта, семејството или што било друго.

Кога се релаксирате, дали се чувствувате виновно бидејќи не работите? Кога работите, дали се чувствувате виновно бидејќи не сте со семејството? Кога сте со семејството, дали се чувствувате виновно што не сте со пријателите? Повеќето луѓе се соочуваат со вина на суптилен начин за кој едвај се свесни. Без разлика кој е изворот, вината може да стане вистински товар и да влијае на секоја ваша постапка или одлука. Често изгледа како чувството на вина, кое често се меша со чувството на должност, да ве тера да преземете нешто и да станете подобра личност. Имено, истражувањата покажале дека луѓето склони кон вина работат понапорно и се подобри лидери. Исто така, тие се подобри пријатели, љубовници и вработени.

Проблемот е што без разлика како изгледа однадвор, со текот на времето вината станува заморна и токсична. Иако можеби ви изгледа дека вината е важен потсетник за вашите должности, во реалноста го прави спротивното – таа е товар што не ви дозволува да го постигнете вашиот целосен потенцијал. Простувањето на себе ви помага да продолжите напред, додека вината не ви е од никаква помош. Иако не е лесно да се ослободите од вината, постојат неколку начин што ќе ви помогнат во тоа.

1. Не вадете ги работите од контекст

Доколку се гледате отстрана, дали чувството на вина и срам или другите парализирачки емоции навистина се погодни за вашето „злодело“? Најверојатно не.

2. Не се идентификувајте според нештото коешто сте го направиле

Се разбира, вие сте одговорни за вашите постапки, но дури и ако некогаш сте направиле нешто лошо, не значи дека сте лоша личност. Тоа само покажува дека сте човек.

3. Простете си

Иако најверојатно верувате во спротивното, тоа што ќе си простите себеси всушност ве прави подобра личност. Кога мислите дека сте лоша личност, на некој начин станувате лоша личност.

4. Извинете се доколку е потребно

Доколку вашата вина е поврзана или насочена кон некој друг, извинете се за она што сте го направиле. Доволно е да се извинете еднаш доколку навистина го мислите тоа.

5. Научете ја лекцијата

Животот е полн со разни проблеми и конфликти кои ни помагаат да научиме нешто и да продолжиме по нашиот пат. Направете листа со нешта што ќе ви помогнат да ја подобрите ситуацијата и престанете да се оптоварувате со непродуктивниот емоционален товар познат како вина.

Дали знаете што е токсичен срам?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар