Зошто треба да престанеме да чекаме некаков знак и да се обидеме да го создадеме самите?

Колку често чекаме знак или некој апстрактен сигнал да одлучиме дали нешто ќе направиме или не? Зошто секогаш фрламе паричка или избираме бројка за да донесеме одлука? Сите ја имаме моќта да направиме избори кои потоа ќе се претворат во моменти што ќе го одбележат нашиот живот и нашата приказна.

Зошто треба да престанеме да чекаме некаков знак и да се обидеме да го создадеме сами?

Понекогаш нема силен ветер, нема зрак од сонце, го нема знакот кој го чекаме и принудени сме да се соочиме со реалноста дека можеби и никогаш нема да го добиеме. Сепак, ќе се запрашаме зошто воопшто чекаме некаков знак. Ние имаме сѐ што ни е потребно за да го направиме моментот значаен за нас.

Знаците и идеите за судбината можеби навистина постојат, но немаат никакво концептуално значење доколку самите ние не преземеме иницијатива. Сѐ се случува со причина. Но, никој не смее да дозволи тоа верување, таа филозофија да се користи како изговор да се чека работите да се случат сами по себе, отколку самите ние да направиме да се случат.

Можете да се откажете и да бидете разочарани, лути и безнадежни. Но откажувањето, дури и кога сите знаци ви покажуваат да го направите тоа, ќе ве спречи да ја направите потребната конекција со себе и светот околу вас.

Ние ги создаваме нашите знаци – нашите моменти. Лесно е да се носат одлуки врз основа на шанса, но е потребна голема храброст да се продолжи напред кон тој момент дури и ако не чувствувате дека универзумот е на ваша страна. Настаните кои се случајни се несомнено посебни, но постои нешто многу поубаво кога самите ги создаваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар