Зошто треба да го вклучите женшенот во негата на вашата кожа?

Зошто треба да го вклучите женшенот во негата на вашата кожа?

Растението женшен е азиско растение кое во голема мера е застапено во традиционалната медицина, особено во источноазиските земји. Најраспространето е во Кина, Кореја и Сибир. Во изминатите 3 децении, стана една од најпопуларните билки во целиот свет. Во продолжение прочитајте повеќе за здравствените придобивки од ова растение.

Зошто треба да го вклучите женшенот во негата на вашата кожа?

Најчесто се користи исушениот корен на билката за кој се смета дека има лековити својства во поглед на лекување кожни заболувања, модринки, отоци и рани. Денес се користи најмногу во производите за нега на кожата како маски за лице, креми за очи и серуми. Според едно истражување од 2017 година, клучните придобивки на женшенот се:

  • Намалување на знаците на стареење
  • Антивоспалителни и антиоксидативни својства
  • Заштита на кожата

Женшенот е богат со витамини и минерали, па затоа е погоден за сите типови кожа. Неговите активни компоненти како женсенозид, можат да помогнат во процесот на ревитализација и реактивирање на кожните клетки.

Ја намалува појавата на тенки линии и брчки

Женшенот ја зајакнува циркулацијата во крвните садови при што ја помага синтезата на колагенот. Две клинички испитувања покажале дека екстрактот од женшен ја намалува појавата на брчки. Според друго испитување, екстрактот од женшен исто така може да ја зголеми хидратацијата на кожата при што го спречува формирањето на нови тенки линии.

Го одржува сјајот на кожата

Без разлика дали вашата кожа е помрсна или посува, антиоксидантните својства на женшенот ѝ помагаат на кожата да ја задржи влагата, но и да го врати природниот тен.

Го ублажува црвенилото на кожата

Едно истражување од 2013 година покажало дека женшенот има антиинфламаторни и антиоксидантни својства кои можат да помогнат во ублажување на црвенилото, отокот и акните. Екстрактот од оваа билка може дури и да помогне при некои кожни заболувања бидејќи друго испитување покажало дека женшенот ги намалува симптомите на воспаление кај луѓето со егзема.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од женшенот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 11 намирници треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар