Зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите?

Зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите?

„Староста, а не смртта, е контрастот со животот. Староста е пародија од животот, додека смртта го претвора животот во судбина. На некој начин го зачувува давајќи му ја апсолутната димензија.“ – Симон де Бувуар

zoshto-starite-dushi-ne-se-razbrani-od-semejstvoto-i-prijatelite-kafepauza.mk

Самиот факт дека концептот за времето е параметар создаден од луѓето се докажува со тоа дека некои луѓе стареат на 18 години, додека другите се млади дури и на 90. Како и да е, секогаш постоел отпор кон промената која доаѓа со растењето. Сè што е ново, а што сме сакале да го пробаме, се соочува со некој вид отпор, без разлика дали е силен или слаб.

Кога се истражуваме самите, многу често се наоѓаме на непозната територија и почнуваме да поставуваме прашања за нашите верувања и вредности. Можеби преку ова истражување ќе откриете дека вашиот „повик“ ве тера да станете уметник, па оставате сè за да го остварите тоа. Или пак, свесни сте за проблемот со глобалната пренаселеност, па се одлучувате да посвоите дете наместо да имате свое биолошко. Многу често, другите луѓе поради овие одлуки ве гледаат како незрели.

Зрелоста, или пак недостатокот од неа е проблем кај многу луѓе. На пример, има еден случај каде што едниот партнер страдал од преголема дебелина, а другиот се грижел за него. Но, кога дебелиот партнер одлучил да живее здрав живот и да ја намали телесната тежина, врската пропаднала. Зошто? Затоа што врската ја држела дебелината на едниот, и негата на другиот. Во одреден момент, перцепцијата која ја создаваме за да ги направиме нашите животи и врски да изгледаат удобно и безбедно, може да се сруши штом некој ќе престане да се однесува „како што треба“. Можеби не сме програмирани роботи, но понекогаш навистина се однесуваме така.

Старите души ги гледаат како чудни луѓе бидејќи многу често имаат неконвенционални идеали и стандарди на живеење. Тие многу често се чувствуваат одделени од себе и од „реалниот свет“ бидејќи работите како богатство и други материјални добра не ги интересираат. Во свет каде што владее материјализмот, тие се вистински чудаци. Имаат различни очекувања и идеи за животот и сфаќаат дека никој не ги разбира нивните желби.

Како што созревате со текот на времето, вашата свест се зголемува и вие можете да ги препознаете вашите верувања за животот и за овој свет. Проблемот кај старите души е тоа што тие гледаат неколку можности во нивниот живот, и наместо да ги ослободат и да ја создадат судбината која би им прилегала, тие стануваат спречени од слободата која си ја создале.

Интуицијата е суптилен, софистициран јазик и старите души работат на тоа да се синхронизираат со начинот на кој нивното тело комуницира со нив. „Чувството во стомакот“ е наједноставниот начин да ја забележите интуицијата. Ова најчесто го користиме кога донесуваме некоја важна одлука во нашиот живот. Старите души дозволуваат овој инстинкт да ги води низ сите одлуки, па другите луѓе не разбираат кога ќе им кажат дека „имале чувство“ за нешто.

Еден од најголемите проблеми на старите души е тоа што не можат да почувствуваат дека припаѓаат со другите. Каде и да се, тие се чувствуваат како странци. Многу често имаат потреба да бидат сами за да можат да ги разгледаат своите мисли и чувства. Имаат потреба да се „наполнат“ после напорен ден со луѓе, а ова им е чудно на нивното семејство и на нивните пријатели.

Тие сакаат да бидат опкружени со пријатели, но важно е да разберете дека самотијата е нешто кое им помага. На овој начин тие ги решаваат своите проблеми. Понекогаш сакаат да останат дома и да читаат книга наместо да излегуваат. Но ова не значи дека не го сакаат вашето друштво.

Погледнете и како да дознаете дали вашата душа е стара.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар