Зошто некои луѓе забележуваат бели влакна во својата коса уште на млади години?

Седата коса некогаш била знак за мудрост, а денес мажите над четириесеттата година се сметаат за секси кога почнуваат да покажуваат седи влакна. Но што ако овој процес почне да се случува во дваесеттите или раните триесетти години? Ако ова ви се случува и вам, тогаш погледнете ги следниве 5 фактори кои можат да имаат влијание на промените што довеле до губење на бојата на косата.

Хормонални промени – ова најчесто почнува по триесеттата година. Вашето тело се менува, па поради тоа некои од овие промени можат да се манифестираат во форма на бели влакна.

Недостаток на хранливи состојки – ако вашата исхрана е сиромашна со хранливи состојки, како и потребните витамини и минерали, тоа може да почне да предизвикува појава на седи влакна. Проблемот често може да се реши со зголемување на витаминот Б12.

Пушење – дури и ако сте пасивни пушачи, вие можете да забележите појава на седи влакна во вашата коса. Според едно истражување, луѓето кои пушат имаат и до 2,5 повеќе шанси за прерана појава на бели влакна.

Стрес – ако сте постојано под стрес, имате зголемен ризик од тоа вашата коса прерано да стане седа.

Загаден воздух – како последен фактор на оваа листа се наоѓаат и токсините од околината што можат да предизвикаат појава на седи влакна.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар