Зошто на партнерот му е потребно вашето признание, а не вашиот совет?

Зошто на партнерот му е потребно вашето признание, а не вашиот совет?

Врските, дури и оние најдобрите, можат да бидат навистина комплицирани. Ова е особено вистина ако ви недостига признание. Потсетете се на последниот пат кога сте му кажале на вашиот партнер како се чувствувате. Можеби тој кажал нешто што ви ги повредило чувствата. Можеби сте свесни дека целта не му била да ве повреди, но поради нешто што сте го искусиле во минатото, неговите зборови имале такво влијание на вас.

zoshto-na-partnerot-mu-e-potreno-vasheto-priznanie-a-ne-vashiot-sovet-kafepauza.mk

Ако ова ви звучи познато, тогаш сигурно ја знаете важноста на признанието во една врска. Целта не е постојано да ви кажуваат дека сте во право, или пак секој да се согласува со вас. Ова признание значи да чувствувате дека вашето мислење има важност во врската и дека можете да комуницирате со партнерот.

Вашата врска созрева кога ќе престанете со судење и ќе почнете да прифаќате

Кога ќе му покажете разбирање и прифаќање на вашиот партнер, тој ќе се чувствува подобро во врска со себе и ќе сака да ги споделува неговите мисли и чувства со вас.

Со признавање на неговите чувства, ќе ги отстраните грижите на вашиот партнер

Иако вашата прва реакција можеби ќе биде: „Знаеш дека не го мислев тоа на тој начин…“, ова сепак може да ги повреди чувствата на вашиот партнер. Наместо тоа, подобро е да кажете нешто како: „Извини што те загрижив на тој начин. Знаеш дека мислам дека си паметен. Не внимавав и се извинувам.“

Вашиот партнер ќе се чувствува сакано и повеќе ќе ја цени врската

Потсетувајте го партнерот дека го сакате и дека го цените. Прифатете ги неговите чувства и прашајте го дали сака да разговара за тоа зошто бил повреден од вашите зборови.

Расправиите ќе бидат спречени или ќе се решаваат многу брзо

Ако партнерот почне да ви објаснува зошто се чувствува повредено од вас, немојте да почнете да се браните. Запомнете, целта на тој разговор е да го ислушате. Оставете го да заврши пред да почнете да зборувате.

Ќе му помогнете на партнерот да ја согледа ситуацијата од ваша страна

Вашиот партнер сака да разберете што се случува во неговата глава. Извинете се за лошите зборови ако навистина го повредиле партнерот. Емпатијата е клучна во овој случај.

Дури и да не го решите проблемот, ќе овозможите охрабрување и поддршка

Кога ќе се случи нешто вакво, не можете да се вратите назад и да ја промените ситуацијата. Но она што можете да го направите е да направите простор за отворен разговор. Можеби извинувањето нема да биде доволно на почетокот. Дури и да ви изгледа како партнерот да претерува, бидете трпеливи и дајте му време да размисли за ситуацијата.

Колку повеќе признание му давате на партнерот, толку подлабока ќе станува вашата врска

Признанието е клучно за здрава и силна врска. Постојат 6 нивоа на признание, а секое од нив ви помага подлабоко да се поврзете со вашиот партнер.

1. Бидете присутни

Обрнете внимание на она што ви го кажува партнерот. Гледајте во неговите очи, држете го за раце, па дури и прегрнете го за да му покажете дека сте со него.

2. Рефлексија

Кога ги рефлектирате чувствата на партнерот, вие ќе сфатите што тој сакал да ви каже или пак го споделувате вашето мислење за проблемот. Со ова ќе му покажете дека сте биле присутни и фокусирани, додека истовремено сте му помогнале во ситуацијата и сте ги одделиле мислите од емоциите.

3. Читање мисли

Иако би било добро навистина да можевте да ги прочитате мислите на партнерот, целта на ова ниво е да се обидете да погодите што тој навистина мисли. Ако вашиот партнер ви кажува за некоја ситуација од работното место која го разочарала, обидете се да го разберете. Користете фрази како: „Сигурно се чувствуваш тажно бидејќи…“

4. Разберете го неговото искуство

Понекогаш некои ситуации нè повредуваат бидејќи нè потсетиле на некое минато искуство. Ако вашиот партнер е разочаран од нешто што според вас не е проблем, обидете се да ја согледате ситуацијата од негова страна.

5. Препознајте ги емоционалните реакции

Најлесниот начин да му дадете признание на вашиот партнер е да укажете на некоја ситуација на глобален начин. На пример, ако вашиот партнер е разочаран за нешто, кажете му: „Се разбира дека си разочаран, секој би се чувствувал така!“ Оваа едноставна изјава ќе го утеши вашиот партнер бидејќи ќе му даде до знаење дека не е сам.

6. Радикална искреност

Ако и вие сте биле во слична ситуација со онаа на партнерот, споделете ја со него. Не е целта да го направите разговорот за вас, туку на овој начин ќе му покажете дека сте исти и дека и вие сте го искусиле истото.

Дајте му признание на партнерот почнувајќи со суптилни работи

Потребно е време за секое признание бидејќи во него се вклучени многу вештини за комуникација како трпеливост, вештини за слушање, начинот на кој ги искажувате вашите мисли, или пак како покажувате емпатија. За полесно да му дадете признание на партнерот, пробајте ги следниве совети.

Обидете се да ги постигнете првото и второто ниво

Ова значи да бидете присутни за време на разговорот. Потребно е време да влезете во шема, па најпрво почнете со вашиот говор на телото. Вкрстените раце и оддалеченоста од вашиот партнер може да направат да изгледате како навистина да не ви е грижа за она што партнерот сака да ви го каже.

За да ги постигнете третото и четвртото ниво, набљудувајте

Бидете свесни за минатите искуства на вашиот партнер и набљудувајте го начинот на кој тој се однесува со вас. Кое е неговото вообичаено однесување и како се однесува кога е разочаран? Штом ќе станете свесни за ова, разговорот ќе биде многу поедноставен.

За петтото ниво разберете го партнерот, но и другите

Иако не треба да се споредувате со другите, може да ви биде од помош ако се запрашате како некој друг би реагирал во таа ситуација.

За шестото ниво, искусете повеќе

Ова може да биде предизвик бидејќи мала е веројатноста вие и партнерот да имате исти искуства. Но, ако има каква било сличност, споделете како сте се чувствувале во таа ситуација.

Потребни се двајца за среќна и здрава врска која ќе трае. Добро е уште веднаш да разговарате за признанието со вашиот партнер. Како сте се однесувале во минатото? Дали сте можеле да направите повеќе? Направете простор за разговор за во иднина да ви биде полесно да ги споделувате овие работи.

Откријте и кои се грешките кои ги прават жените во љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар