Зошто младите денес не можат да најдат љубов?

Зошто младите денес не можат да најдат љубов?

Денешните генерации не влегуваат во сериозни врски и претпочитаат кратки и минливи љубовни авантури. Таквиот став кон љубовта се поврзува со честото менување на сексуални партнери. Меѓутоа, спротивно на општото верување, истражувањата покажале дека младите денес немаат секс толку често колку што се мисли. Па, што прават тогаш луѓето кои не се во брак и немаат чести редовни сексуални односи? Се обидуваат да донесат одлука. Неодлучноста на младите денес им ги уништува шансите да најдат љубов.

Зошто младите денес не можат да најдат љубов?

Со развојот на технологијата и социјалните мрежи, можноста за онлајн потрага по партнер го отежнува љубовниот живот на луѓето поради тоа што нуди премногу опции. Постојат голем број апликации преку кои младите се запознаваат и бараат потенцијални партнери. Но, и покрај популарноста на онлајн запознавањето, ретко кои од тие познанства се остваруваат надвор од виртуелниот свет. Истражувањата покажале дека една третина од поединците кои бараат партнер онлајн никогаш не излегле на љубовен состанок со некој од луѓето со кои разговарале.

Постојат многу причини зошто запознавањето преку Интернет не е веродостојно. Многу од корисниците лажат на нивните профили и посветуваат внимание на луѓе кои се премногу привлечни и со кои не би си одговарале во реалноста.

Психологот Роберт Барис открил дека убавите жени добиваат 4 пати повеќе пораки од просечните и 25 пати повеќе пораки од непривлечните жени. Освен тоа, луѓето се премногу пребирливи и честопати ги елиминираат потенцијалните партнери поради сериите што ги гледаат и нивните политички определби. Пребирливоста претставува голем проблем, бидејќи многу од сингл луѓето немаат поим што бараат во љубовта.

Сепак, неодлучноста на денешните генерации е најголемата пречка. На младите денес им се нуди неограничен избор на производи, медиуми, можности за градење кариера, сексуални партнери, места на живеење, начини на живот, образование и начини на исхрана. Меѓутоа, истражувањата покажале дека и покрај можноста за толкав избор, на луѓето најчесто не им се допаѓаат повеќето од работите. Ние сме пренатрупани со опции, па затоа честопати се каеме поради нашите одлуки, се опседнуваме со пропуштените можности или решаваме да не одбираме воопшто.

Иако многумина веруваат дека изборот ни ја зголемува среќата, вистината е дека преголемиот избор нѐ парализира. Истото се случува во љубовниот живот кај младите. Тие секојдневно гледаат многу луѓе кои делуваат доста солидно!

Зошто младите денес не можат да најдат љубов?

Експертите оваа појава ја нарекуваат „FOBO“ (Fear of Better Options), односно страв од подобри опции. Денешните млади страдаат од постојана анксиозност предизвикана од помислата дека пропуштиле некого. Колку повеќе опции имаме толку повеќе се плашиме дека ќе ја одбереме погрешната.

Ќе сфатите дека ова е вистина ако ги земете предвид нашите површни и самоуништувачки инстинкти кои се јавуваат кога ќе се соочиме со бесконечни опции. Во едно истражување, испитаниците требале да одат на повеќе брзи љубовни состаноци. Резултатите покажале дека колку помалку потенцијални партнери запознале учесниците толку поголеми биле шансите да ги оценат според нивните подлабоки карактерни особини. Но, кога испитаниците се запознале со многу партнери во една вечер, тие почнале да донесуваат поповршни заклучоци.

Освен тоа, кај паровите кои се запознале онлајн постојат поголеми шанси дека ќе раскинат за разлика од паровите кои се запознале во живо. Поради тоа, 40% од денешните млади сметаат дека ним им е многу потешко да најдат љубов во споредба со претходните генерации. Но, младите сепак посакуваат да имаат сериозни врски и покрај фактот што не се способни да го остварат тоа.

Истражувањата покажале дека 61% од денешните млади би сакале да стапат во брак еден ден, а 10% од нив тврдат дека романтиката е многу важна.

За жал, решението за нашата неодлучност не е воопшто романтично. Психологот Пол Ојер го препорачува последното нешто што го сакаат младите, а тоа е да се помират со изборот на партнер. Исто како што сите луѓе во животот прифаќаат работа на која ѝ недостасува некој елемент што го посакувале, така порано или подоцна ќе мора да прифатите животен партнер кој само делумно ќе ги исполнува вашите замисли и очекувања.

Ќе можете да го најдете она што го сакате само тогаш кога ќе престанете да ги разгледувате другите опции и ќе се фокусирате само на еден човек. Решението ви е на дофат, само треба да донесете конечна одлука.

Дознајте зошто е тажно тоа што младите денес се плашат од сериозна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар