Зошто и во кои ситуации треба да ја оставиме личноста која ја сакаме?

Како да знаеме дека е време да се откажеме од некоја личност, а да не погрешиме во донесувањето на таа одлука? Колку шанси треба да дадеме некому пред да се одлучиме да му кажеме ЗБОГУМ?

1-zoshto-i-vo-koi-situacii-treba-da-ja-ostavime-lichnosta-koja-ja-sakame-www.kafepauza.mk_

Кога емоциите се вклучени во игра сè станува поубаво, но и потешко. Да претпоставиме дека текот на вашата приказна започнал вака: вие сте запознале личност која ви се допаднала на прв поглед, но и останатите знаци како пеперутки во стомакот и треперење на колената, ви покажале дека вие конечно сте ја сретнале вашата сродна душа. Комуникацијата е одлична, разговорот трае со часови, бакнежите уште подолго, а сексот е феноменален… Тој е човек од доверба, со јасна визија за иднината, тој е едноставно личност која еден ден со гордост би ја нарекле ваш сопруг.

Колку тоа и да изгледало како од бајките, како минувале деновите, неделите и месеците, сте започнале да забележувате мали црвени знамиња кои ве предупредувале дека треба да ги тргнете розовите очила. Иако умот ве предупредил, вашето срце повторно се бори да ги ставите вашите розови очила. Меѓутоа, со тек на време започнувате да се чувствувате запоставено и чудно, чувствувате дека само вашата страна е топла и дека само вие се трудите. Некогашната заљубена насмевка исчезна, а искрите во очите се изгасиле, сега се гледате во огледало и си велите: „Јас заслужувам некој кој ќе ме сака и ќе биде горд што е со мене.“

2-zoshto-i-vo-koi-situacii-treba-da-ja-ostavime-lichnosta-koja-ja-sakame-www.kafepauza.mk_

Не сакате да бидете само гостин во нечиј живот, туку сакате да ја имате главната улога. Не сакате да бидете нечија тајна, туку горда вистина. Зошто да се задоволувате со трошки, ако веќе давате сè од себе. Без оглед на тоа што храбро одлучивте дека не треба да бидете во врска која не ве исполнува целосно, чувствата, надежта и среќата се оние кои ве попречуваат во тоа.

„Што ако се промени?“, „Што ако се откажав прерано од врската?“, „Дали да почекам уште малку?“

Иако умот веќе добро знае што следува, срцето сè уште се бори за љубовта и нуди безброј прашања.

Дали само вие треба да се борите за таа љубов? Дали само вас треба да ве мачат овие прашања? Одговорот е НЕ!

Пуштете го… Ако некој ве сака во неговиот живот, ќе направи место. Доколку на некого му е грижа за вас, нема да направи да се почувствувате како туѓинец. Животот е премногу краток за да го потрошите на погрешни луѓе и пропаднати обиди. Ќе знаете дека вашата врска е готова во оној момент кога само моменти од минатото ќе му измамат насмевка на вашето лице. Не дозволувајте уште еден момент на тага, дилема, сомнеж… Единственото нешто што може да го направите е на културен начин да се заблагодарите за убаво поминатото време со него, но исто така и да се освестите дека вие заслужувате подобро!

Една стара поговорка вели: „Ако сакаш место во мојот живот, вратите се отворени, но немој само да ми стоиш на прагот и да ми го блокираш погледот ако не сакаш да влезеш внатре.“

Заклучок: Вистинското време да ја прекинете врската е оној момент кога ќе сфатите дека од среќна и заљубена девојка сте се претвориле во тажна и сомнителна жена која нема самодоверба. Запомнете дека животот е краток за да се троши на погрешни луѓе и половични врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар