Зошто добрите момци никогаш не би ве изневериле?

Зошто добрите момци никогаш не би ве изневериле?

И мажите и жените подеднакво изневеруваат, но од различни причини. Не можеме да кажеме дека сите жени или сите мажи изневеруваат, бидејќи тоа зависи од поединецот, неговите морални вредности и околностите. Во секој случај, едно нешто е сигурно: Добрите момци никогаш не би ве изневериле. Прочитајте зошто е тоа така…

Зошто добрите момци никогаш не би ве изневериле?

Го ценат тоа што го имаат

Ова е многу важна причина. Колку повеќе го цените партнерот толку повеќе ви значи и не сакате да ризикувате да го изгубите или повредите. Кога добриот човек навистина ја сака и цени жената во неговиот живот, тој никогаш не би направил нешто што би ја довело врската до опасност.

Знаат како да ги контролираат нивните нагони

Сите имаме биолошки нагони кои се присутни уште од праисториски времиња. Тоа се желбата за размножување, сексуалната привлечност и слично, кои се користат како најчести изговори за неверството. Иако точно е тоа дека не се сите луѓе создадени за моногамен живот, добриот маж разбира дека природните инстинкти не се секогаш во право. Моногамијата е избор дека ќе љубите и ќе се посветите само на една личност. Добриот маж е способен да одолее на неговите основни нагони во име на позначајниот избор што го направил за себе.

Љубовта им е поважна од минливото искуство

Кога сте во сериозна врска со некого, постојат многу поважни работи од сексот. Врските што се базираат само на сексуална привлечност е минливи, но кога двајца луѓе навистина се сакаат и почитуваат, тие можат да ги надминат сите бури и препреки на патот. Кога добриот маж ќе најде таква врска во животот, нема шанси да ја отфрли за моменталното задоволство.

Имаат совест

Ова е многу едноставна, но силна причина. Добрите мажи не можат да ја изневерат жената што ја сакаат и потоа да се преправаат дека сѐ е во ред. Грижата на совест постојано ќе ги јаде однатре.

Ги почитуваат нивните партнерки

Неверството е непочитување. Тоа значи дека сте тргнале нечии чувства настрана за вашите привремени желби и потреби. Изневерувањето е лажење и рушење на довербата, а тоа не е нешто што би ѝ го сториле на жената која ја почитуваат.

Не им е важен бројот на сексуални партнерки

Мажите кои се доволно самоуверени и сигурни во себе немаат потреба да си ја докажуваат машкоста или самопочитта со тоа што ќе освојат некоја девојка. Несигурните мажи честопати имаат потреба да освојуваат за да се чувствуваат мажествено. Таквите луѓе најдобро е да останат сингл и да си ги исполнат сите потреби пред да одлучат да му се посветат некому.

Зошто добрите момци никогаш не би ве изневериле?

Се почитуваат себеси

Достоинствените луѓе донесуваат правилни одлуки дури и тогаш кога никој не ги гледа. Некои мажи не изневеруваат затоа што се плашат од можноста да бидат фатени, но добрите мажи остануваат верни дури и тогаш кога се сигурни дека тоа никогаш нема да се дознае. Зошто? Затоа што се почитуваат себеси. Имаат одредени критериуми според кои го живеат животот.

Не го одбираат полесниот пат

Изневерувањето е полесниот начин да се излезе од лоша врска. На овој начин ќе одбегнете да раскинете со некого и да се соочите со проблемите. Некои врски имаат рок на траење. Раскинувањата се неминовна појава. Добрите мажи го разбираат тоа и го одбираат потешкиот пат. Ако се најдат во врска што не функционира или едноставно нивните чувства избледат, тие знаат дека не треба да ѝ го губат времето на девојката. Тие ќе разговараат со неа како возрасни и ќе ѝ кажат како се чувствуваат. Нема да се однесуваат како да се сингл додека сѐ уште се во врска.

Ја ценат својата репутација

Мажите кои изневерувале имаат лош углед и потешко стекнуваат доверба кај девојките. Етикетата на „прељубник“ не само што може да ви го уништи љубовниот живот, туку може да му стави дамка на вашиот карактер и да го наруши впечатокот што го оставате кај луѓето.

Никогаш не би изневериле пријател

Во среќните и успешни врски партнерите не се само љубовници, туку и пријатели. Најдобри пријатели. Тие си овозможуваат поддршка и си помагаат меѓусебно. Добриот маж никогаш не би го предал неговиот најдобар пријател.

Немаат време да изневеруваат

Добрите мажи немаат време да изневеруваат, бидејќи времето што го имаат го посветуваат на жената што ја сакаат. На жената која се обидуваат да ја направат среќна. На жената која ги надополнува. Ако ја повредат оваа жена, тоа е исто како да се повредиле самите себе, а тоа е нешто што добрите мажи никогаш не би го направиле.

Изневерувањето не е несреќа. Не е случајност. Тоа не е ненадеен настан што никој не го очекувал. Станува збор за процес што вклучува заведување, средба, флерт, размена на информации, покана, прифаќање на поканата и извршување на крајниот чин. Постојат безброј можности да кажете „Извини, но имам девојка“. Токму тоа го кажуваат добрите момци. Секогаш, без исклучок.

Во продолжение дознајте дали сте близу до изневерување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар