Зимски пијалак во кој ќе се заљубите: Вино со јаболко и цимет

Соберете ги пријателите и направете им овошно вино кое никогаш нема да го заборават

(1) zimski-pijalak-vo-koj-kje-se-zaljubite-vino-so-jabolko-i-cimet-www.kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 шише бело вино
  • 700 милилитри јаболковица (ракија од јаболка)
  • 60 милилитри јаворов сируп, по желба
  • 230 милилитри минерална вода
  • 20 милилитри бурбон
  • 4 стапчиња цимет
  • 2 јаболка, исечкани на мали парчиња
  • 2 круши, исечкани на мали парчиња
  • 2 сливи, исечкани на мали парчиња
Начин на подготовка:

Во голем сад измешајте ги сите состојки заедно и ставете ги во фрижидер да отстојат преку ноќ. Следниот ден можете да уживате во вашата вкусна домашна сангрија. Зарем има подобар начин да ги прославите новогодишните празници?