Жена која влегува во 60-тите напишала моќно писмо до нејзината 16-годишна верзија

Ова е навистина интересно прашање: „Како жена која влегува во нејзините 60-ти, што би ѝ кажале на својата 16-годишна верзија?“ Една жена решила да даде одговор. Прочитајте во продолжение што имала таа да сподели со себе.

Жена која влегува во 60-тите напишала писмо до нејзината 16-годишна верзија

Бев на традиционален пат. Доаѓам од огромно семејство и се чувствував безбедно и сакано, иако бевме сиромашни и моите родители се мачеа да сврзат крај со крај. Сакав да учам нови нешта и бев љубопитна. Уживав во училишната работа и сакав да добивам добри оценки.

Сакав физичка активност и танцувањето без сомнение ми беше омиленото нешто. Бев и малку анксиозна, па се грижев премногу. Сепак, се сомневам дека зборот анксиозност ми поминал низ глава тој период, не па идејата да најдам стратегии за да се справам со неа.

Мојата 16-годишна верзија немаше размислувано многу за иднината, иако отсекогаш знаев дека сакам да одам на факултет и сакам да учам јазици. Сакав да предавам и да направам разлика, а особено сакав да учам имигранти. Навистина чудно, бидејќи тогаш живеевме во монокултурно општество и се немав сретнато со разни култури. Исто така бев романтичар и често сонував да ја сретнам мојата вистинска љубов.

Сега ја гледам мојата 16-годишна верзија и ѝ велам дека ќе има живот како луда железница. Твојот ум ќе се прошири неверојатно многу преку разните животни искуства и преку твојата отвореност кон учењето. Ќе научиш дека неуспехот е одличен учител. Твоите очи ќе бидат отворени кон разновидноста на луѓето и културите, разните гледни точки на светот и разните вредности што ги имаат луѓето.

Ќе бидеш преплавена од херојството и суровоста на луѓето. Преку сето тоа ќе имаш оптимистички поглед кон животот што го доби уште како млада девојка и ќе веруваш дека повеќето луѓе се чесни и го дават најдоброто од себе во комплексен и несигурен свет.

Што и да правиш, ќе го вклучиш целото срце и целата душа во тоа. Нешто ќе добиеш, нешто ќе изгубиш! Ќе ја најдеш вистинската љубов и ќе имаш 3 неверојатни синови кои ќе бидат светлината во твојот живот и ќе те научат на многу нешта. Ќе имаш успешна кариера во образованието и не само што ќе подучуваш имигранти, туку ќе имаш и улога на лидер.

Ќе се соочиш со огромни предизвици – ќе ти се скрши срцето кога сестра ти ќе умре млада и ќе ти биде страв да не ги изгубиш саканите поради проблеми со здравјето. Ќе ги цениш малите нешта во животот и ќе бидеш благодарна за многу нешта.

Ќе бидеш фасцинирана од начинот на кој се однесуваат луѓето и ќе го поддржуваш личниот развој. Ќе научиш дека сите имаме таков потенцијал, само ако го развиваме, и ќе ја научиш важноста од тоа да ги следиш своите страсти. Всушност, ќе им помагаш на луѓето и ќе го сакаш тоа, па дури ќе напишеш и водич за тоа.

Под сето тоа ќе видиш дека основните вредности што си ги развивала додека си растела се исти. Ќе продолжиш да се однесуваш со луѓето онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе. Твоите силни семејни вредности пренесени од родителите ќе имаат важен удел во начинот на живеење. Ќе останеш отворена за учење и љубопитна за светот. Ќе продолжиш да растеш и да го шириш својот ум учејќи многу за себе и за другите.

Исто така ќе забележиш дека мислите дека не си доволно добра ќе се појавуваат во најнепогодните моменти. Ќе научиш дека си многу повеќе од твоите мисли и его. Ќе ги цениш периодите кога ќе го чувствуваш тоа, иако анксиозноста и стравот понекогаш ќе ти застанат на патот.

Ќе бидеш многу горда на моментите кога си излегла од својата удобна сона. Нема да бегаш од предизвици. Всушност, ќе ги прифаќаш и преку нив ќе станеш посилна и поотпорна. Ќе научиш да бидеш подобра кон себе и ќе ги цениш сега наместо да се грижиш што би се случило и да се плашиш за иднината.

На 16 години мислиш дека луѓето во нивните 60-ти се премногу стари и веројатно пензионирани, но можам да ти кажам дека тоа е далеку од вистината. Твојата желба да направиш разлика ќе остане темата на твојот живот, без разлика на твојата возраст.

Твојот живот ќе се одвива на разни начини. Без сомнение си многу помудра штом влегуваш во 60-тите, но има уште толку многу што треба да научиш и да искусиш. Имаш разни патишта за одење и ќе продолжиш да се предизвикуваш и да пробуваш нови нешта, иако многу од семејството и пријателите ќе бидат збунети поради овој начин на размислување.

Старите ограничени шеми ќе продолжат да се појавуваат, но ќе станеш многу посвесна за нив. Ќе прифатиш дека се овде, но дека не те обземаат. Тоа се само мисли. Знаеш дека животот ќе продолжи да ти приредува пресврти, а тие ќе бидат твоите најдобри учители.

Драга моја, за крај сакам да го споделам овој цитат со тебе кој ми помогна и го сумира начинот на којшто го живеам мојот живот:

„Меѓу стимулите и одговорот има простор. Во тој простор е нашата моќ да го одбереме нашиот одговор. Во нашиот одговор лежат созревањето и нашата слобода.“ – Виктор Франкл

Прочитајте го и ова моќно писмо на една мајка до нејзината ќерка тинејџерка.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар