Здрави и вкусни колачиња од само две состојки

Одлични за здрав појадок или ужина!

Здрави и вкусни колачиња од само две состојки

Потребни состојки:
  • 2 зрели банани
  • 100 грама ситни овесни снегулки
  • по желба додајте и парчиња темно чоколадо, суво овошје или јаткасти плодови
Начин на подготовка:

Изгмечете ги бананите и соединете ги со овесните снегулки и со другите состојки доколку ги користите. Ако смесата ви е премногу течна, слободно додајте уште овесни снегулки. Со лажица ставајте од смесата на плех за печење обложен со хартија. Би требало да добиете 16-18 колачиња. Печете на температура од 150 степени околу 20 минути. Највкусни се ако ги изедете веднаш потоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар