Заштитете се од скршено срце со помош на овие 7 едноставни чекори

Постојат многу шармантни мажи кои не бараат сериозна врска, туку едноставно сакаат накратко да си поиграат со некоја девојка, а потоа да продолжат понатаму кон следната. Овие мажи, особено кога се успешни и имаат голема почит од своите врсници, можат својата моќ вешто да ја употребат и да ја заведат скоро секоја жена која ги привлекува.

Заштитете се од скршено срце со помош на овие 7 едноставни чекори

Токму затоа и без разлика колку е интелигентна жената која тие ја одбрале, кога станува збор за маж кој ѝ ги симнува ѕвездите, таа понекогаш знае да донесе непромислени одлуки кои неизбежно водат кон скршено срце. Повеќето од жените сонуваат за бајки и љубов на прв поглед, па кога ќе почувствуваат дека тоа е нешто што реално би можело да им се случи, пребрзо се препуштаат во врската, дури и кога длабоко во себе знаат дека тој не го чувствува истото. Но, време е да научите да се заштитите, па токму затоа погледнете ги следниве 7 чекори кои ќе ви помогнат во таа цел…

1. Ништо не сфаќајте премногу лично.

2. Не се впуштајте пребрзо во сексуален однос. Тоа може да ви го „замагли“ логичното размислување.

3. Не се губете себеси, останете фокусирани на тоа што ви е најважно и дишете длабоко.

4. Не се обидувајте да најдете одговор на прашањето „Што мислеше тој кога го кажа/направи тоа?“

5. Уживајте во секој љубовен состанок, а потоа продолжете нормално со вашиот живот.

6. Ако ви се јави, супер. Ако не, прочитајте ја пак првата точка.

7. Не дозволувајте да се приврзете емоционално сè додека не почувствувате дека и тој го посакува истото.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. tina Reply

    Wow.. izvinete vaka ama koga barem pravite copy paste na nekoja procitana statija ne mora na krajot da se pretstavuvate kako avtor na istata. aman malce inovativnost..

Остави коментар