Запознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!

Запознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!

Сигурно сте го слушнале терминот „добро момче“ што им се доделува на оние самопрогласени џентлмени кои мислат дека жените треба да им се заблагодарат со секс доколку се однесуваат добро со нив. Денес, истиот термин може да се искористи и за женската популација. Не можете да не ја забележите „добрата девојка“.

Запознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!

Секако дека нема ништо лошо во тоа да се биде добра личност. Потребата да се покаже емпатија и почит е дел од човечката природа. Но, постои разлика помеѓу некој кој е добар и некој кој мисли дека поради неговата добрина заслужува совршен партнер кој ќе му ја исполнува секоја желба и потреба. Станува збор за „добрата девојка“.

Добрата девојка никогаш не греши, бидејќи таа е премногу добра. Таа го исполнува секое барање на партнерот, вели „Да“ кога мисли „Не“, не поставува никакви граници и потоа вината за распадот на врската ја префрла на саканиот. Таа очекува дека партнерот треба да ги прочита нејзините потреби. Тој треба да знае дека мислела „Не“ кога кажала „Да“. Треба да почувствува дека таа е незадоволна и негова должност е да ги постави нејзините граници.

Добрата девојка секогаш се однесува како жртва. Таа е девојката која тврди дека „Сите мажи се исти“ и смета дека е попосветена на врската од партнерот. Но, таа не е подготвена да го промени начинот на кој ја покажува нејзината љубов. Таа не разбира дека во љубовта понекогаш треба да му се даде до знаење на партнерот дека ја преминал границата. Не разбира дека треба постојано да ги искажува нејзините потреби и желби директно и искрено, за да може партнерот да ги исполни.

Таа мисли дека љубов е кога го става партнерот пред себе. Но, во реалноста тоа не е така. Таа всушност на прво место го става нејзиниот страв од конфликти. Добрата девојка е подготвена да жртвува сѐ на сметка на нејзината идеја дека таа е морално совршена. Таа е подготвена да направи сѐ освен да биде искрена во моментите кога е најтешко да се покаже искреност. Токму тоа се најзначајните моменти од кои зависи успехот на врската.

Запознајте ја „добрата девојка“: Таа се однесува како жртва во секоја љубовна врска!

Вистината за „добрата“ девојка е тоа што таа никогаш нема да сака некој друг повеќе отколку што сака сопственото его. Таа се смета себеси за нежен цвет чие срце секогаш бидува искористено од злобните мажи. Таа не може да разбере зошто ѝ се случува тоа. Сепак, тоа не е нејзина вина. Таа е добра.

Во реалноста нејзината дефиниција за „добрина“ подразбира само онаква добрина на каква што таа е навикната. Најважниот елемент на вистинската добрина е искреноста, дури и кога вистината е непријатна. Ако велите дека сѐ во ред кога не е, тоа не е добрина. Доколку потајно му замерувате на партнерот поради нешто, но не разговарате за тоа, никому не правите услуга. Ако сте несреќни и незадоволни во врската, но тие чувства ги потиснувате во себе, дозволувајќи му на партнерот да мисли дека сѐ е во ред меѓу вас, врската е уште од самиот почеток осудена на пропаст.

Ниту една врска не може да опстои доколку ја засновате на неискреност. На тој начин намерно создавате ситуација во која самите ги занемарувате сопствените потреби и потоа го обвинувате партнерот поради тоа што не сте задоволни. Нема ништо добро во тоа што изигрувате маченик. Нема ништо добро во тоа што лажете дека сте задоволни. Нема ништо добро во тоа што давате само за да добиете нешто за возврат.

Тоа не е добрина, туку ниска самодоверба. Вистината за „добрите“ девојки е тоа што не си го бранат ставот во врските затоа што сметаат дека нивната вредност зависи од љубовта на партнерот. Тие мислат дека ќе ја изгубат љубовта на саканиот, ако почнат да покажуваат незадоволство. Токму затоа тие девојки ги потиснуваат нивните потреби, го ставаат целиот товар на рамената на нивниот партнер и го нарекуваат тоа добрина.

Но, тоа не е добрина. Тоа е обид да се одбегне преземањето одговорност за сопствените чувства. Наместо да очекуваат љубов од партнерот, добрите девојки најпрво треба да научат да се сакаат себеси. Додека не го направат тоа, добрите девојки ќе поминуваат низ низа токсични врски во кои ќе ги потиснуваат сопствените потреби, нема да комуницираат искрено со партнерот и цврсто ќе бидат убедени дека ништо од тоа не е нивна вина. А тоа мора да се признае дека не може да се смета за добрина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар