Заборавете на трендовите: Овие две фризури никогаш нема да излезат од мода

Трендовите доаѓаат и си одат, но со класиката нема никогаш да погрешите. Секоја сезона, фризерите наметнуваат нов тренд на стилизирање на косата кој се задржува кратко, а потоа доаѓа нов тренд и така во круг. Промените понекогаш се добри, но ќе се согласите дека е невозможно да се следи сè што е актуелно.

Заборавете на трендовите: Овие две фризури никогаш нема да излезат од мода

Овие фризури успешно го поминаа тестот на времето и со децении се омилен избор на припадничките на понежниот пол. Она што е најдобро кај овие фризури е тоа што одлично им стојат на сите. Ако не сакате да ризикувате, овие две фризури се идеални за вас.

Боб фризура

Боб фризурата со должина малку под вилицата одговара на секое лице. Дури и ако имате тркалезно лице, таа ќе ви се стои феноменално. Оваа должина е идеална затоа што лесно можете да ја одржите формата, а вашата коса ќе изгледа беспрекорно. Можете да носите совршено права коса, но и ако ја извиткате ќе изгледа одлично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Степенеста фризура

Овој начин на стрижење е ненадминлив со децении. Мора да сте ја имале оваа фризура барем еднаш во животот и свесни сте за тоа колку добро може да ви стои и да го истакне вашето лице.

Со оглед на начинот на стрижење, нема да мора да вложувате никаков дополнителен напор во стилизирање на косата. Исушете ја со фен, додајте малку пена, изгужвајте ја и ќе имате фризура како штотуку да сте излегле од салон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by crystle (@anistonian) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News Alert On Instagram (@newsalertkb) on

Погледнете кои 4 работи треба да ги знаете ако се одлучите за познатата боб фризура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар