За што најмногу жалат луѓето во нивните кариери?

Њујоршкиот претприемач Даниел Гулати направил анкета со 30 колеги-претприемачи на возраст од 28 до 58 години и сфатил дека сите се каат за нешто во кариерата. Без разлика дали се работи за милионер, за пропаднат фотограф или за директор на банка, резултатот на крајот бил дека грешките и разочарувачкото чувство дека некогаш требало да се постапи поинаку не дискриминира по основа на успех во бизнисот. Ова се петте причини поради кои тие најмногу се каат.

За што најмногу жалат луѓето во нивните кариери?

„Посакувам да не ја изберев кариерата поради парите“

Убедливо најчестото разочарување кај овие триесетина бизнисмени било тоа што влегле во бизнисот само поради желбата да заработат многу пари, при тоа заглавувајќи во кариери во кои не уживаат. Според одредени теоретичари парите не предизвикуваат задоволство од работата, а нивното отсуство носи незадоволство од неа. За Гулати била интересна беспомошноста која неговите соговорници ја демонстрирале. Еден рекол дека има преземено премногу обврски и не може да си го оствари сонот да даде отказ, додека друг смета дека не би бил добар на друго поле. Затоа и не зачудува што парите ги нарекуваат „златни лисици“.

„Посакувам порано да дадев отказ“

Оние кои собрале храброст да дадат отказ жалат што тоа не го сториле порано. Имало три причини кои ги спречувале во тоа: променливиот систем на награди, гордоста за своето работно место на социјалните мрежи и надежите дека ќе биде подобро. Сега тие жалат за пропуштеното време и по пропаднатите години во работење на нешто кое не ги исполнува.

За што најмногу жалат луѓето во нивните кариери?

„Посакувам да имав храброст да почнам свој бизнис“

Многумина сакаат да започнат со свој бизнис, но не е доволно само да сакаат туку потребна е и одважност за тоа. Работата која моментално ја работат не им дава можност да започнат сопствен проект, па дури и менаџери од најголемите компании се каат што никогаш не собрале храброст за тоа.

„Посакувам подобро да го искористев времето на училиште“

Еден биолог му одговорил на Гулати дека на своите факултетски денови се сеќава како на „бесмислено брзање да се помине низ годините кои од денешна перспектива се најубавите и неструктурирани години од неговиот живот“. Откако веќе основал семејство и зел кредит за куќата, сфатил колку тие години на факултет биле важни за неговото образование особено што сега не можел да се врати на факултет за да ги исправи грешките и да го дополни знаењето.

„Посакувам подобро да ги искористев своите шанси“

Неколку од анкетираните професионалци имале „сега или никогаш“ моменти во кариерата, кога на хоризонтот се појавиле одредени можности за напредок, но не ги искористиле. Еден банкар се присетил на можноста да се пресели на растечкиот јужноамерикански пазар, но одбил по што неговата замена за кратко време станала раководител на оддел, а потоа и главен менаџер. Денеска се кае што се исплашил и ја пропуштил можноста да тргне во таква авантура.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар