За подобар и поквалитетен живот, заборавете на овие работи во 2018-та година!

Најверојатно и вам ви е здодеано од новогодишните листи со промени кои зборуваат за тоа што сѐ мораме да направиме во следната година за да го извлечеме „најдоброто од себе“. Но, денес ги вртиме работите во друга насока. Направивме листа од работи кои би требало да престанеме да ги правиме за нашето време и живот да станат поквалитетни. Заборавете на овие работи во 2018-та година!

1-vreme-e-za-porazlichna-praznina-lista-vo-2018-ta-godina-precrtajte-gi-ovie-raboti-www.kafepauza.mk_

1. Лажни пријатели кои ја црпат вашата енергија.

2. Место на кое сте несреќни и за кое имате чувство дека ве „убива“.

3. Мислењето на другите луѓе, бидејќи колку и да се обидувате, секогаш ќе ви пронајдат некоја замерка.

4. Колегите кои ве искористуваат.

2-vreme-e-za-porazlichna-praznina-lista-vo-2018-ta-godina-precrtajte-gi-ovie-raboti-www.kafepauza.mk_

5. Мобилниот телефон, но со оглед на тоа дека не можете да се ослободите целосно, барем одредете време кога ќе го оддалечите од себе.

6. Седењето на кауч и лошата исхрана, кои не само што му штетат на вашето здравје, туку и на линијата. Движете се, ќе се почувствувате подобро и ќе имате многу повеќе сила и волја за сите останати работи.

7. Партнерот кој не ве цени онолку колку што вие би сакале.

8. Бившото момче кое упорно сака да ви се врати. Каде што еднаш не успеало, повторно нема да успее.

3-vreme-e-za-porazlichna-praznina-lista-vo-2018-ta-godina-precrtajte-gi-ovie-raboti-www.kafepauza.mk_

9. Облеката која ви е претесна, оштетена или повеќе не одговара на вашите години и стил. Подарете ја некому кому повеќе ќе му користи и направете го среќен.

10. Старата шминка која исто така може да ви наштети, иако можеби мислите дека ништо не може да ви биде од „малку постара“ пудра.

11. Избегнувањето на одговорноста – вие сте возрасна личност и однесувајте се така, бидејќи проблемите нема да исчезнат сами од себе.

12. Стравот од нешто ново. Секој почеток е тежок, но често таквите промени ви носат многу подобри работи во животот, без разлика на тоа колку се тешки.

Нашето секојдневие го сочинуваат ситниците, а ова се мали работи кои прават голема разлика во нашиот живот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар