За да бидете подобра личност потребно е да поминете низ овие 5 фази

За да бидете подобра личност потребно е да поминете низ овие 5 фази

Секој од нас сака да промени нешто во нашиот живот, но промените не се секогаш лесни. Колку е поголема промената што сакаме да ја направиме, толку таа станува потешка за постигнување. Но, кога ќе ja поделите на делови, секоја промена има само 5 фази. Истото важи и доколку сакате да станете подобра личност – потребно е да ги поминете овие 5 фази.

za-da-bidete-podobra-lichnost-potrebno-e-da-pominete-niz-ovie-5-fazi-kafepauza.mk

1. Откривање на она што не го прифаќате кај себе

Промената почнува кога ќе откриете што сакате да постигнете. Не мора точно да знаете што е тоа, но отприлика да сте свесни во која насока сакате да се движите. За да почнете со промената, важно е да знаете што сакате да постигнете.

2. Разделување на мали чекори

Промената е неуспешна ако не ја разделите на помали чекори. Со ова го поедноставувате патот кон промената и полесно ќе ги совладате пречките со кои ќе се соочите. Овде може да спаѓаат многу работи, на пример секој ден да запишувате што сте направиле за да се промените, или пак секој ден да правите нешто добро за некој странец. Промената не е самостојно достигнување, таа е збир од мали и едноставни задачи.

3. Следење на сè, без разлика колку е мало или големо

Големите цели, како да бидете подобра личност, или да ја најдете вашата страст, можат да бидат тешки за следење, но тоа сепак е возможно. Наједноставен начин да го направите тоа е со запишување. Запишете на колку луѓе сте им помогнале овој месец, или колку пати сте пишувале во вашиот дневник. Кога се движите кон целта, вие се движите кон промената. Следењето на вашиот напредок е одличен начин да знаете до каде се стигнале. Кога ќе видете колкав пат сте поминале, дополнително ќе бидете мотивирани.

4. Неуспеси и станување посилни

Можеби неуспесите ќе ви изгледаат како да се движите назад, а не кон целта. Но запомнете дека со секој неуспех вие учите нешто ново и станувате посилни. Се трудите повеќе и станувате подобри во нешто. Ако постојано успевате на вашиот пат кон промена, вие баш и не променувате нешто, вие едноставно се тешите со фактот што денес не сте направиле нешто ново.

5. Одморете се и повторете

Понекогаш треба да се одморите и повторно да ги разгледате вашите цели. Дали промената што сакате да ја направите е премногу голема? Дали го следите вашиот напредок? Дали се трудите доволно? Поради оваа причина, последната фаза од промената е да погледнете назад и да видите што навистина сакате да промените и што правите сега за тоа. Ова може да биде најтешкиот дел бидејќи самите ги критикувате вашите цели.

Покрај овие фази, за промена потребни ви се желба, волја и посветеност. Овие фази само ќе ви помогнат да го разделите проблемот на помали делови, сè останато зависи од вас.

Погледнете ги и овие прашања кои ќе ве поттикнат да направите промена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар