Во кои случаи болката во левата рака значи проблеми со срцето?

Во кои случаи болката во левата рака значи проблеми со срцето?

Болката во градите значи дека имате проблеми со срцето и дека треба итно да побарате медицинска помош. Болката во левата рака може да се појави од неколку причини кои можат, но и не мораат да бидат поврзани со кардиоваскуларни заболувања. Има разлика од една до друга болка во левата рака, а советите на д-р Ен Хестер треба да ви ги расчистат дилемите доколку имате вакви проблеми.

Во кои случаи болката во левата рака значи проблеми со срцето?

Кога болката во левата рака значи проблем со срцето?

  • Кога болката во левата рака се засилува со некоја активност, а се смирува со одморот тоа може да значи кардиоваскуларен проблем. Ова особено важи ако болката ја чувствувате како да е внатре во раката, а не на површината и не ве боли повеќе ако ја допрете како кога ви се воспалени мускулите.
  • Загрижувачки сигнал е и ако раката одеднаш ве заболи додека одморате или гледате телевизија, онака без никаква причина.
  • На крај, секоја болка во левата рака во комбинација со болка во градите, мачнина, проблеми да земете здив, претерано потење без причина, повраќање и слично, е сигурен знак за срцеви проблеми и бара веднаш да се јавите на лекар пред состојбата уште повеќе да ви се искомплицира.

Во кои случаи болката во левата рака значи проблеми со срцето?

Кога болката во левата рака не значи проблем со срцето?

Болката во раката понекогаш не е поврзана со кардиоваскуларни заболувања, како во следните случаи.

1. Болка во градите и во левата рака

Комбинацијата од болка или тешкотии во градите и болка во левата рака бара од вас да се јавите на лекар и да побарате помош затоа што во најголем дел од случаите може да имате проблем. Исклучок може да бидат само ситуациите во кои сте паднале на левата страна при некоја активност или сте се повредиле на некој друг начин, па се работи за болка поради повредата.

2. Болка во раката која се повторува

Ако болката во раката се повторува при извршување на одредени физички активности, како поместување тешки предмети и слично, тогаш тоа не е поврзано со срцеви заболувања. Тоа што таа болка се повторува само кога ја оптоварувате раката кажува дека се работи само за повреда на мускулните влакна.

3. Постојана болка во раката

Ако болката остане подолго време, тогаш имате некоја посериозна повреда на раката или друга болест, но не се работи за проблеми со срцето. Истото важи и ако се јави краткотрајна болка веднаш по мрднувањето со раката или вратот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар