Внесете го овој зачин во исхраната и гледајте како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат

Се добива од вулкански области на Пакистан и Индија, а се користи во индиската кујна како зачин, кој ѝ дава специфичен вкус на храната.

Внесете го овој зачин во исхраната и гледајте како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат

За морската сол знаеме со децении, хималајската сол стана популарна во последните неколку години, но дали знаевте дека има и црна сол?

Ако ја вклучите во вашата редовна исхрана, вашето тело ќе ви биде благодарно. Нутриционистите препорачуваат по една лажичка на ден како додаток во оброците и ќе забележите подобрување на здравјето за краток временски период.

Според нутриционистите, таа е вистински еликсир на здравјето и убавината, а придобивките за организмот се многубројни.

Црната сол се нарекува и индиска, и токму во оваа сол лекарите им ја препишуваат на пациенти кои имаат висок крвен притисок.

Бидејќи содржи мала количина на натриум, тоа не создава ризик од зголемување на крвниот притисок и затоа е многу подобра опција од морска сол. Исто така, се препорачува за ослободување од металоиди и гасови во цревата.

Црна сол за слабеење

Поради можноста за деградација на липидите и ензимите, оваа сол е многу ефикасна во намалувањето на масните наслаги. Едноставно заменете ја кујнската сол со црна сол и гледајте како ги снемува килограмите.

Здрава коса

Таа е одличен сојузник во борбата против опаѓање на косата. Почнете да правите маски за коса и придобивките ќе ги забележите при редовно користење.

Минералите содржани во неа ќе влијаат на растот и зајакнувањето на косата. Покрај тоа, оваа сол ќе ја направи косата посјајна и погуста.

Нутриционистите препорачуваат да пиете чаша сок од домати еднаш дневно и во неа да додадете една лажица од оваа сол.

Мазна и здрава кожа

Црната сол е моќен сојузник во здравјето на кожата. Наместо разни хемикалии, средства за чистење и спа третмани, изберете третман со оваа сол што можете да го направите и во вашиот дом. Само додајте малку сол во вашата купка.

Таа, исто така, дејствува како средство за лекување и е особено добра за испукани пети, отечени нозе и какви било габични инфекции на нозете.

Направете солена бања и потопете ги болните нозе во таа вода, оставајќи ја болката да исчезне. Најдобро при овој третман е да користите ладна или млака вода.

Можеби сакате да прочитате и за хималајска или морска сол: Која е подобра за вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар