Вкусни напитоци кои ќе ве разладат за време на летните денови

Вкусни напитоци кои ќе ве разладат за време на летните денови

Летото е во полн ек, па мора да наоѓаме начини како да се разладиме во овие жешки денови. Хидратацијата на организмот е неопходна за време на најтоплото годишно време. Покрај консумирањето вода, можете да бидете малку креативни во кујната и да подготвувате вкусни напитоци кои ќе ве освежат во овој период.

Вкусни напитоци кои ќе ве разладат за време на летните денови

Напиток од јогурт и вода

Комбинацијата од вода и јогурт, позната под името „lassi“ е традиционален пијалак во Индија. Благодарение на пробиотичките бактерии го подобрува варењето, а во комбинација со неколку сочни парчиња овошје ќе ви го освежи целиот организам.

Потребни состојки:
  • 2 децилитри јогурт
  • 2 децилитри вода
  • 1 лажица мед или јаворов сируп
  • 1/2 шолја исечкано манго
  • 1/2 шолја боровинки или рибизли
  • 1/2 шолја малини
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте ја смесата додека таа не стане кремаста. По подготовката напитокот ставете го во фрижидер.

Напиток со кефир и краставица

Краставицата е, дефинитивно, најосвежителниот зеленчук. Овој зелен плод кој содржи многу вода, во комбинација со кефир уште повеќе ќе ве освежи.

Потребни состојки:
  • 3 децилитри вода
  • 2 децилитри кефир
  • 1 краставица
  • неколку ливчиња мента
Начин на подготовка:

Измијте ја краставицата и пресечете ја на мали парчиња. Ставете ја во блендер па додадете вода, кефир и мента. Сè добро изблендирајте.

Напиток од ѓумбир

Можеби мислите дека пикантната арома на ѓумбирот не е посакувана за време на високите температури, но неговото делување во текот на топлите денови е многу добро. Имено, ѓумбирот помага во регулирање на телесната температура.

Потребни состојки:
  • 1 литар минерална вода
  • свеж сок од лимета
  • 30 грама изрендан ѓумбир
  • 1/3 шолја исечкана мента
  • 1 лажица мед
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Доколку парчињата зеленчук на крајот ви пречат тогаш може да ја исцедите течноста, а потоа ставете ја во фрижидер.

Но, која е најчестата грешка поради која уште потешко ја поднесуваме жештината? Прочитајте тука.