Вкусен солен ролат со кашкавал и шунка

Вкусен специјалитет кој се подготвува брзо и кој се јаде уште побрзо

Вкусен солен ролат со кашкавал и шунка

Потребни состојки:
  • 300 грама кашкавал
  • 200 грама крем сирење
  • 100 грама шунка
  • 50 грама кисели краставички
  • 50 грама црвени пиперки
Начин на подготовка:

На загреана фолија ставете го кашкавалот. Откако тој ќе се растопи обликувајте го како квадрат и премачкајте го со крем сирење. Изрендајте ја шунката, исечкајте ги краставичките и црвените пиперки на мали парчиња и потоа заедно додајте ги врз кашкавалот. За крај, вртете го кашкавалот сè додека не добиете ролат и оставете го да се олади.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.