Вкусен и здрав празничен десерт: Чоколадни топки за кои не треба печење

Независно дали постите или не сакате да консумирате шеќери, без сомнение ќе се заљубите во овие чоколадни топки

Вкусен и здрав празничен десерт: Чоколадни топки за кои не треба печење

Потребни состојки:
  • 200 грама темно чоколадо
  • 150 милилитри павлака од соја, кокос, зоб или ориз
  • 1/2 лажичка кокосово масло
  • 1-2 лажички слад од ориз, нектар од агава или друг природен засладувач
  • мелени зачини (на пример, цимет или кардамом) или рендана кора од портокал
  • 2-3 лажички какао
Начин на подготовка:

Искршете го чоколадото на помали парчиња и ставете ги да се стопат на пареа. Додајте ги павлаката од соја (или друга растителна павлака), кокосовото масло и засладувачот по вкус. Кога чоколадото ќе се растопи, додадете го и зачинот или кората од портокал, а потоа измешајте ги сите состојки заедно. Оставете да отстои на собна температура околу еден час, додека смесата не се излади и згусне, притоа мешајќи неколку пати.

Потоа, на чинија ставете хартија за печење. Со лажица земете дел од смесата и ставете го на хартијата. Продолжете така додека не ја ставите целата смеса. Оставете ја во фрижидер еден час, додека таа не се стврдне. Потоа, цврстите делови од смесата брзо тркалајте ги во дланките, за да добиете топки и потоа тркалајте ги низ какаото. Ставете ги во чинија која може да се затвори и чувајте ги во фрижидерот, каде можат да стојат најмногу 7 дена. Кога сакате да ги послужите, извадете ги околу 15 минути порано, за да може аромата да дојде до израз.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар