Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Дали некогаш сте помислиле дека веќе сте возрасни? Можеби сте очекувале да се разбудите еден ден и да се чувствувате поинаку – постаро, помудро, со сите одговори. Можеби ви изгледа како ништо да не се менувало освен сезоните, па навистина е тешко да прифатите дека веќе сте возрасна личност.

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Можеби сè уште јадете пица за вечера и гледате анимирани филмови, но време е да си аплаудирате бидејќи веќе сте возрасна личност. Доколку не верувате, овие знаци ќе ве убедат во тоа.

1. Имате рутина за кафе

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Станувате возрасен во моментот кога ќе си воспоставите рутина за пиење кафе. Можеби на почетокот ве привлекувале омилените шолји и мирисот на кафето. Но, сега ви е потребна поголема доза за да направите што било. Понекогаш дури барате време за попладнево кафе за да го издржите остатокот од денот.

2. Сами си ја перете облеката

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Ова е чудно, но е можеби најубавиот дел од тоа што сте возрасни. На почетокот можеби ви било тешко да се согласувате со машината за перење алишта и сте се чуделе која опција е правилна. Но, по неколку обиди јасно ви е што треба да правите. Веќе знаете како правилно да ја одделите облеката и нема несакано менување на бојата.

3. Сте напишале професионален имејл

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Не е секогаш лесно да напишете професионален имејл, па затоа ова е обврска на возрасните. Можеби некогаш имало печатни грешки и нејасни реченици, но сега знаете како треба да изгледа овој имејл. Можеби имате и потпис кој се појавува на дното на пораката и сте ги организирале вашите контакти. Можеби дури имате и посебна адреса за лична употреба. Сето ова ве прави возрасни и дел од „реалниот свет“.

4. Имате распоред за спиење

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Додека сте растеле сигурно сте сакале да останувате будни до доцна. Но сега веќе имате направено цел распоред за спиење и се обидувате да се држите до него. Често си легнувате и пред полноќ. Дури и на викендите не се успивате до пладне, туку се будите навистина рано. Трошењето на денот во спиење повеќе не е опција за вас.

5. Сте научиле разни патишта до работното место

Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни

Кога сте возрасни ќе научите многу патишта. Можеби не ги знаете имињата на улиците, но знаете да се снајдете околу градот. Можеби веќе не ја користите вашата навигација и откривате нови патишта.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар