Веднаш ослободете се од нив: Навики што ја намалуваат вашата креативност

Секој е во нешто креативен, тоа не е дар кој го имате или го немате, односно сите вие можете да ја пронајдете креативноста во себе и да ја разбудите. Но, постојат начини со кои се попречувате самите и останувате убедени дека не сте баш креативна личност. Еве кои се тие и уште веднаш обидете се да ги отстраните.

1-vednash-oslobodete-se-od-niv-naviki-koi-ja-poprechuvaat-vashata-kreativnost-www.kafepauza.mk_

1. Додека работите го оценувате тоа што го правите

Кога работите нешто креативно, потребно е тоа да го правите со отворен ум и срце, односно целосно да се посветите, да се внесете себеси. Ако истовремено се обидувате да го оцените она што го правите, никогаш нема да бидете задоволни и ќе западнете во критички шаблон, наместо да останете отворени и да уживате во своите дела. Повеќе когнитивни процеси одеднаш доведуваат до преоптоварување и ќе ја намалите вашата способност да размислувате надвор од рамката.

2. Го чекате вистинскиот момент

Креативните луѓе го создаваат својот момент, наместо да ги чекаат соодветните услови. Чекањето никогаш нема да ве одведе до вистинскиот момент, животот едноставно не функционира на тој начин. Никогаш нема да ги решите сите проблеми, да затворите еден круг и да отворите нов, никогаш нема да имате целосно средена ситуација. Треба да работите и да ги решавате проблемите онака како што се појавуваат и да не ја чувате вашата сила за некој посебен момент кој можеби никогаш нема да дојде. На овој начин можеби нема да го остварите сето она што сте го замислиле, но сигурни сме дека ќе остварите нешто реално што ќе ги задоволи вашите потреби.

3. Перфекционизам

Ако не сте задоволни сѐ додека не постигнете совршенство, никогаш нема да бидете задоволни, бидејќи совршенството не постои. Доколку се срамите да го покажете вашето дело некому (она што го пишувате, или сликате, или музиката која ја создавате или пеете) затоа што знаете дека тоа не е перфектно, обидете се да се ослободите од таа навика. Важно е да внесете емоции во она што го правите и да умеете да уживате во него, а тоа е она што другите ќе го почувствуваат во вашата работа. Доколку никогаш не им го покажете на увид вашето дело на другите, никогаш нема да добиете повратна информација и нема да знаете дали тоа му се допаѓа некому и зошто.

2-vednash-oslobodete-se-od-niv-naviki-koi-ja-poprechuvaat-vashata-kreativnost-www.kafepauza.mk_

4. Не се обидувате да работите нешто што е надвор од вашата удобна зона

Постојат работи во кои сте добри и се држите до нив. Тоа е во ред. Но ако посакате да испробате нешто ново, не би требало да ве попречува недостатокот на самодоверба и вештини. Доволно е да бидете љубопитни и да се обидете, но и притоа да се забавувате. Кога ќе се посветите на нешто, со неколку обиди ќе развиете и вештина и самодоверба.

5. Се споредувате со другите

На овој начин сигурно ќе се обесхрабрите. Секогаш ќе ги има оние кои во сѐ ќе бидат подобри од вас. Важно е да се пронајдете самите во нешто креативно, а не да бидете подобри од другите.

6. Сметате дека нема што да научите од оние кои знаат помалку од вас

Ова е облик на ароганција кој ве спречува целосно да се отворите за протокот на креативна енергија, бидејќи станува збор за почитување, а почитувањето секогаш се поврзува со скромноста и подготвеноста да слушате. Вистина е дека секој може да ве научи нешто, само доколку не го гледате од висина и не патите од предрасуди. Исто така, корисни информации доаѓаат од сите страни, па дури и од оние за кои воопшто немате добро мислење.

Прочитајте ги и овие навики што загарантирано ќе ја поттикнат вашата креативност!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар