Уживање во летните денови: Домашен сладолед од кокос и бело чоколадо

Зарем има подобар начин да уживаме во високите температури од бел сладолед?

Потребни состојки:
  • 250 милилитри вода
  • 60 грама кокосово брашно
  • 150 милилитри кокосово млеко
  • 150 грама кисела павлака
  • 150 грама слатка павлака
  • 75 грама шеќер
  • 75 грама бело чоколадо
  • 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Загрејте ги водата и кокосовото брашно во тенџере, на тивок оган и со постојано мешање. Потоа додајте го млекото и варете уште 3 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да отстои уште 5 минути. Со помош на рачен миксер, матете додека не добиете каша, па исцедете го млекото со цедалка.

Направете цврст шлаг од слатката павлака, повторно со помош на миксерот. Потоа стопете го белото чоколадо на пареа и оставете го малку да се олади. Во посебен сад, измешајте ги кокосовото млеко, киселата павлака, шеќерот и ванилата. Матете со миксер додека не се стопи шеќерот и додека не се појават балончиња на површината.

Постепено додавајте го шлагот во добиената смеса, а потоа и стопеното чоколадо заедно со исцеденото кокосово брашно. Добро промешајте. Добиената мешавина префрлете ја во пластичен сад со капак или прекријте ја со фолија.

Ставете го сладоледот во замрзнувач на најмалку 4 часа. Пред јадење, извадете го на 10-тина минути со цел да ви биде полесно да го сервирате. Уживајте во слаткиот десерт!

Пробајте го и овој брз домашен сладолед од јагода и банана!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар