Уживајте во магијата на овој месец: 10 нешта кои треба да ги направите во декември

Уживајте во магијата на овој месец: 10 нешта кои треба да ги направите во декември

Декември е месец на снегот, декорациите, собирањето впечатоци, планирањата, добрата храна, опростувањата и уживањата. Овој месец е рај за хедонистите и идеален е за почетоци, но и за завршетоци. Во декември најлесно можете да се ослободите од сè што ве мачи, но и да се радувате на нештата кои следуваат. Погледнете ги следниве 10 нешта кои секој од вас треба да ги направи овој декември со цел да имате најмагичен период досега.

Уживајте во магијата на овој месец: 10 нешта кои треба да ги направите во декември

1. Пробајте нешто ново

Не да купите нешто ново, туку да пробате. Читајте нешто што досега не сте читале, пробајте некој нов рецепт, променете некоја стара навика… Токму новите нешта во вашиот живот имаат моќ да ве потсетат дека навистина живеете. Излезете од затворениот круг на монотонијата и повикајте ја магијата во вашиот живот.

2. Опростете, извинете се и заборавете

Крајот на годината е време кое треба да си го посветите на себе, но и на вашите најблиски. Ако сте повредиле некого, извинете се, ако вие сте биле повредени, опростете. Живејте во моментот и целосно фокусирајте се на сегашноста. Времето брзо поминува, па не дозволувајте си да губите време и енергија за промена на нешта врз кои немате никаква контрола.

3. Наместо купување нова облека, исчистете го вашиот шкаф

Таму сигурно има работи кои навистина не ви требаат. Издвојте сè што не сте облекле повеќе од 2 години и донирајте ја оваа облека на оние кои немаат.

4. Одете на излет

Станете исклучителен дегустатор на вино, качете се на некоја планина, прошетајте покрај езеро, посетете музеј или некое место во вашиот град кое веќе некое време сакате да го видите, но никако не наоѓате време.

5. Направете нешто за себе

Разгалете се со масажа или која било друга активност која ќе ве опушти и потсети колку е добро да се обрне малку внимание на себе. Направете нешто во што ќе уживате со цел да се чувствувате многу посреќно и поисполнето.

6. Фокусирајте се на декорациите

Украсете го вашиот дом, накитете елка, уредете го дворот. Сè околу вас нека сјае! Дозволете му на празничниот дух да се всели во вас и да ви донесе магија за време на овој прекрасен месец.

7. Направете план за следната година и потсетете се на старите планови

Што сте оствариле, а што не? Зошто? Дали сè уште ги сакате овие нешта? Купете си планер или најдете соодветна апликација за вашиот лаптоп, направете си чај и колачиња и впуштете се во истражување. Откријте точно што сакате да постигнете следната година, но внимавајте да не ги надминете границите на реалното.

8. Одлучете каде и со кого ќе ја поминете новогодишната ноќ

Декември е идеален месец за дарување, па токму затоа и купете или уште подобро, направете подароци за најмилите. Дури и да станува збор за ситница или мал знак на внимание, тие ќе бидат пријатно изненадени од вашиот труд.

9. Забавувајте се, но и научете нешто ново

Посетете некој краток курс или викенд семинар со цел да се надградите. Фокусирајте се на оние лекции кои би можеле да ви помогнат полесно да напредувате во вашиот живот. Потоа опуштете се и уживајте во некоја зимска активност, како на пример лизгање. Завршете го денот со топло чоколадо со кое ќе се стоплите.

10. Најважно од сè…

Пронајдете место каде што има снег и уживајте во магијата која само тој може да ја овозможи. Ако во вашиот град нема снег, издвојте неколку дена и посетете ја најблиската планина. Земете санки или скии и заљубете се во зимата како никогаш претходно. Уживајте во новогодишната магија. Уживајте во сите декорации и во сè што декември носи со себе. Заљубете се во овој месец, заљубете се во вашиот живот и заљубете се во себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар