Трикови за слабеење кои ги користеле дамите во 1950-тите

Во 1950-тите не можело едноставно да отидете во теретана и да ги стопите килограмите. Но, жените сепак успевале да останат во форма. Во продолжение погледнете ги триковите кои ги користеле дамите во овој период. Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека не им бил потребен посебен напор.

1. Појадувајте

(1)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

Ако навистина сакате да ослабите, немојте да го прескокнувате појадокот. Ако не знаете што да појадувате, житариците и овесот се секогаш добар избор. Во 1950-тите години не постоела инстант овесна каша, па жените морале сами да ја приготвуваат.

2. Гответе дома

(2)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

Денес можете да се качите во автомобилот и лесно да најдете ресторан кој го нуди она што го сакате. Во 1950-тите брзата храна не се наоѓала на секое мени. Иако готвењето звучи како нешто што ќе ви одзема многу време, сепак на овој начин ќе заштедите пари, но и калории.

3. Одберете здрав десерт

(3)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

Десертите постојат многу одамна. Но, за разлика од денес, повеќето десерти во овој период биле направени дома. Иако многу од рецептите содржат шеќер и заситени масти, питата која ќе ја направите дома е многу поздрава од онаа купената.

4. Преработена храна? Што е тоа?

(4)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

На некој начин, преработената храна постои неколку векови. Сирупот од пченка кој се користи како засладувач постоел и во 1950-тите. И во овој период дамите можеле да си купат слатки, чипс и шарени житарици. Нездравата храна постоела, но тие избегнувале да ја консумираат за појадок, ручек и вечера.

5. Чистете го домот, редовно

(5)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

Ова можеби е нешто што најмалку сакате да го правите, но чистењето може да ви биде најдобриот пријател во борбата против килограмите. Чистењето согорува калории. Повеќето жени од овој период немале машина за перење алишта, па тоа го правеле рачно. Се разбира, не мора и вие да го правите тоа, но бришењето прашина, чистењето подови и качувањето на скалите неколку пати во денот ќе ви биде од голема помош.

6. Возете велосипед или пешачете до продавницата

(6)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

Бидејќи сите семејства имале само по еден автомобил, жените многу често пешачеле или возеле велосипед. Одењето до продавница и враќањето со полни кеси се случувало неколку пати неделно. Пешачењето согорува од 120 до 140 калории на час.

Дали жените во 1950-тите биле поздрави од денес?

(7)trikovi-za-slabeenje-koi-gi-koristele-damite-vo-1950-tite-kafepauza.mk

Не мора да значи. Брзите диети не се нешто ново. На пример, диетата со супа од зелка била позната и во 1950-тите. Исто така жените често додавале повеќе шеќер и сол во храната која ја приготвувале. Веројатно во овој период се консумирале помалку заситени масти отколку денес, но се внесувале и помал број калории. Во секоја деценија постојат добри и лоши трикови за слабеење, па вие одберете ги најдобрите од оваа.

Погледнете и некои од најлудите стандарди за убавина од минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар