Три моќни и евтини состојки кои треба веднаш да ги додадете во вашиот крем за лице

Козметиката станува сè поскапа, а списокот со состојки во кремовите станува сè подолг и сè понејасен! Па вие се прашувате што сè содржи вашиот крем за лице.

Решете ги сите овие дилеми и третирајте ја вашата кожа со овие 3 моќни, природни состојки!

Три моќни и евтини состојки кои треба веднаш да ги додадете во вашиот крем за лице

Сепак, за да имате збогатен крем не треба да примените комплициран рецепт. Едноставно купете ги овие 3 природни состојки, изладете ги (дури не мора да се ладат) и нанесете ги во количина која е пријатна за вашата кожа.

Експериментирајте, менувајте, една вечер додајте од едната, друга вечер од другата состојка и набљудувајте што најмногу ѝ годи на вашата кожа.

Што е најважно, ниту една од овие состојки не се расипува брзо, ниту пак чини богатство, како што е случајот со некои кремови.

1. Витамин Е

Гарантирано корисниот витамин Е веќе се додава во многу кремови на пазарот, но тешко ќе откриете колку.

Може да го купите и во облик на многу скапо масло, но постои трик што ќе го олесни неговото користење, а нема да ви предизвика финансиски грижи затоа што нема да влијае на вашиот буџет.

Купете обичен витамин Е, во капсули! Ова е, како по правило, најекономично решение. Предноста е што можете, доколку сакате, да користите капсула секоја вечер (но, не мора). Исцедете ја содржината во дланките на вашите раце и нанесете ја веднаш на лицето со размачкување.

Додајте малку обичен крем за нега на рацете и втријте го лесно витаминот Е во шашата кожа.

Истото може да го сторите и со вашата коса, а вишоците нанесете ги на лактите или колената.

2. Какао путер

Моќна состојка која магично ја омекнува кожата и е особено погодна за зимска нега бидејќи ги храни и штити лицето и рацете. Како и да е, честопати се додава во производите за сончање бидејќи ги ублажува штетите нанесени од сончевите зраци.

Благодарение на сè попопуларната веганска и вегетаријанска храна, путерот од какао деновиве лесно се наоѓа во многу продавници и нема екстравагантна „козметичка“ цена, туку „обична“ – хранлива!

Во козметиката има една вистина дека работите што се добри за јадење, може да бидат добри и за вашата кожа, под услов да не сте чувствителни на никаква храна. Краставиците, јагодите, бананите, се само неколку примери од производите кои може да ги примените и за нега на кожата.

Истото важи и за какао путерот. Купете го најмалото пакување и тестирајте го во мала количина. Едноставно пресечете парче со нож и растопете го во дланката со помош на прстите.

Од топлината на вашето телото, оваа корисна состојка ќе се растопи брзо и можете да ја нанесете во чист облик или измешајте ја со обичен крем и нанесете ја на лицето и вратот.

Одличен е и за критичните делови од телото – лактите, колената, колковите. Сите оние места што честопати се иритирани поради контактот со облеката.

3. „Ши“ путер

Друга состојка чие присуство во продавниците може да се припише на веганската и вегетаријанската исхрана. Оваа извонредно мрсна состојка особено одговара на сува и зрела кожа. Има ефект против стареење, и скоро никој не е алергичен на неа, дури ни оние што се алергични на ореви.

Користењето на „ши“ путерот, ќе ја направи вашата кожа убава, затоа извадете со чиста лажичка малку од путерот и размачкајте на кожата.

Оваа состојка не се препорачува за лица чија кожа е склона кон акни.

Можеби сакате да дознаете и зошто нашите баби знаеле најдобро: Свинска маст за нега на кожата и косата подобро од која било крема.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар