Три капути што ги носи Амал Клуни кои ја одбележаа сезоната есен 2019

Црн, зелен или беж? Амал Клуни секој од нив ги комбинира со фантастични здолништа и фустани. Погледнете! Амал Клуни е некрунисана модна кралица на Големото Јаболко!

Три капути што ги носи Амал Клуни кои ја одбележаа сезоната есен 2019

Жителите на Њујорк секој ден уживаат во неверојатните модни комбинации на атрактивната Британка со либанско потекло, а ним им се придружува и целата модна јавност.

Сопругата на најпосакуваниот маж во Холивуд се одлучи за малку построг изглед пред неколку дена, кога ги фасцинира сите со смелиот избор на бои. Овој пат, убавата Амал одлучила во нејзиниот изглед доминира црната боја, па затоа избрала црн капут со макси должина, црн џемпер, чевли и чанта. Единственото нешто што ја „расипува“ евентуалната монотонија на оваа комбинација е светлосивото здолниште потпишано од дизајнерката Силвија Чераси, кое чини повеќе од 1.500 долари.

Станува збор за парче со средна должина и со рамен крој со цепови од страните кое совршено се вклопува со волнениот капут што е долг точно до цеповите на здолништето.

Она што често се занемарува кога станува збор за стилот на Амал Клуни е фактот дека таа секогаш непогрешливо избира чевли и чанта кои не секогаш доаѓаат до израз поради нејзините привлечни комбинации на облеката. Овој пат, тоа се наједноставни црни салонки и многу практична кожена чанта.

Погледнете ги останатите две комбинации со капути на Амал.

Три капути што ги носи Амал Клуни кои ја одбележаа сезоната есен 2019

Три капути што ги носи Амал Клуни кои ја одбележаа сезоната есен 2019

Погледнете и неколку одлични модели на капути во коишто можете да уживате есенва.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар