Топ 10 бјути трендови кои ја одбележаа 2016-та година - Part 2

Топ 10 бјути трендови кои ја одбележаа 2016-та година

6. Коса „во луди“ бои!

Конечно доаѓаме и до косата. Ако нешто ја одбележало 2016-та година, тогаш тоа се боите на виножито во косата. Девојките од Инстаграм се двоумеа дали да ја бојадисаат целата коса или само неколку прамени. А можеби дури и веѓите и трепките. Но, како што се ближеше крајот на оваа година, така и бојата на нашата коса се смируваше, па почнуваше да добива виолетова, розова или пак, боја на тексас. Тренд за 2017-та? Да, нешто неочекувано, но во некои многу поприродни нијанси, како на примерблаг отсјај на овие „луди“ бои.

7-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

7. Бранови

Ако нешто ја одбележа оваа година – тоа е брановидната коса. Во сите варијанти, на сите должини на коса. Можете да избирате помеѓу класични локни, „S“ локни или опуштени, летни бранови. Сè што посакавте можевте да го направите и тоа со помош на пегла за коса. Значи, и овој тренд го задржуваме во 2017-та.

8-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

8. Лоб

Уште еден тренд кој ја одбележа оваа година и тоа баш на самиот крај е фризурата лоб (долг боб). Станува збор за фризура со средна должина, благо навиткана или бојадисана со техниката омбре или сомбре… Девојките беа доста креативни кога е оваа фризура во прашање. Многумина од нив својата долга коса ја заменија токму со оваа тренди фризура, а веќе е познато, дека доколку еднаш ја откриете магијата на кратката коса, никогаш повеќе нема да ја оставите да порасне.

9-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

9. Плетенки

А кога ќе ви се случи да имате лоша фризура, тогаш на помош доаѓаат плетенките. Најобични, од три прамени, боксерски, жито… Една, повеќе плетенки, од целата коса, од еден дел од косата, како венче, од страна… А, бидејќи тие се безвремени, со сигурност ви тврдиме дека нема да си заминат ни во 2017-та година.

10-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

10. Металик нокти

И за крај, никако не смееме да ги заборавиме ноктите. Иако, кога е во прашање маникирот, навистина бевме слободни и ноктите ги стилизиравме во разни варијанти, она што беше особено популарно во 2016-та година се металик ноктите. Започнувајќи од Мет Галата, па сè до денес, се знае што се бара во козметичките салони – металик нокти, баш како оние кои ги имаше Џиџи Хадид.

11-top-10-bjuti-trendovi-koi-ja-odbelezhaa-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар