7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Погрешно е верувањето дека ќе добиете подобри резултати доколку измешате повеќе производи за чистење на вашиот дом. Напротив, нивното мешање може да биде многу опасно, бидејќи комбинацијата што ќе ја добиете може да произведе неочекувани хемиски реакции, штетни за вашето здравје. Со цел да се заштитите себеси и членовите на вашето семејство, погледнете кои производи за чистење никогаш не треба да ги мешате.

1. Белило и алкохол

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Комбинацијата на овие две хемикалии произведува хлороформ и хлороводородна киселина, а тие може да предизвикаат оштетување на нервниот систем, белите дробови, бубрезите, црниот дроб, очите и кожата. Покрај тоа, високото ниво хлороформ може да предизвика вртоглавица, гадење, губење свест, па дури и смрт.

2. Белило и амонијак

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Оваа мешавина е многу опасна за вашето здравје. Таа произведува отровни гасови кои може да предизвикаат тешко оштетување на респираторниот систем. Покрај тоа, високата концентрација на амонијак и хлорамин (високо токсичен гас) исто така произведува многу опасна експлозивна материја.

3. Белило и оцет

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Додавањето слаба киселина во белилото произведува отровни гасови што може да резултираат со сериозни изгореници на очите и оштетување на белите дробови.

4. Белило и други производи за чистење

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Хемиските производи за чистење на домаќинството, како што се средствата за чистење стакло, за чистење тоалет, како и детергентите наменети за машините за миење садови, никогаш не треба да ги мешате со белилото. Дури и минимално изложување може да предизвика сериозни респираторни проблеми.

5. Сода бикарбона и оцет

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Оцетот е киселина, додека пак сода бикарбоната е слаба база, па кога ќе се измешаат заедно, тие реагираат за да се неутрализираат едни со други, најмногу произведувајќи вода поради што и речиси немате никаква корист од оваа комбинација. Но, најопасната работа е тоа што на овој начин може да предизвика експлозија доколку ги мешате во затворен сад.

6. Оцет и хидроген пероксид

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Кога ќе ги ставите овие два производи заедно во сад, тие создаваат пероцетна киселина која, во високи концентрации, може да ја иритира, па дури и да ја оштети вашата кожа и вашите очи, грло, нос и бели дробови.

7. Производи за чистење од различни производители

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Никогаш не знаете дали мешањето на два различни производи за чистење ќе ви даде подобри резултати. Запаметете дека секоја формула е единствена и нивното мешање може да резултира со некоја несигурна и опасна хемиска реакција. Безбедноста нека ви биде на прво место, а притоа, запаметете ги следниве совети:

  • Чувајте ги производите за чистење во нивната оригинална амбалажа и со нивните оригинални етикети.
  • Престанете или пак помалку користете го белилото и амонијакот во вашиот дом.
  • Ако користите белило или амонијак, измијте се темелно со многу вода.
  • Никогаш не мешајте го белилото со другите производи за чистење.
  • Секогаш следете ги инструкциите дадени од производителот.
  • Чувајте ги сите производи подалеку од дофат на деца.

Зачувајте го своето здравје и погледнете кои од производите што се наоѓаат во вашиот дом се канцерогени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар