Текст во кој ќе се пронајдат сите жени кои се силни, но премногу грижливи

Текст во кој ќе се пронајдат сите жени кои се силни, но премногу грижливи

Постои тенка граница помеѓу силата и ладнокрвноста. Тенка е и границата помеѓу подготвеноста да се прости и слабоста. Светот ја сфаќа силата како нешто убаво, сѐ додека не достигне одредена точка. Преголемата сила делува сурово и недостапно, нешто што е несвојствено за една жена. Но, и преголемата нежност и чувствителност не се сметаат за пожелни женски особини.

Текст во кој ќе се пронајдат сите жени кои се силни, но премногу грижливи

Како тогаш да победиме? Како да ги побиеме очекувањата, правилата и начините на кои светот нѐ ограничил и ни наредил какви да бидеме и како да љубиме? Како да го следиме срцето без да се лажеме себеси, без да се преправаме и без да си ја затвораме устата од страв дека ќе оставиме погрешен впечаток? Како да сакаме без страв кога сме комбинација од двете – и силни и грижливи?

Вие сте силни. Силни поради вашиот идентитет. Поради кожата во која сте се родиле и етикетата што самите сте си ја ставиле. Поради вашите чекори, насмевка и начинот на кој ја држите главата. Но, силата не значи дека треба да ги држите луѓето подалеку од себе. Силата не значи дека сте себични, лути или неспособни да им дозволите на луѓето да ве запознаат. Силата не е синоним за ладнокрвност.

Кога сте силни, вие сте истовремено и внимателни, несебични и нежни. Вие сте грижливи затоа што ги цените врските и луѓето кои одбрале да ви го дадат срцето. Вие сте грижливи затоа што сте отворени и не се плашите да бидете ранливи и да ставите нечии потреби пред вашите.

Но, тоа што сте грижливи не значи дека сте наивни. Грижливоста не значи дека им дозволувате на другите да ве газат или искористуваат. Грижливоста не е синоним на глупавоста.

И покрај тоа што се грижите, вие сте независни и издржливи. Тоа значи дека вие сте и силни и грижливи. Живеете во свет на контрадикторности. Учите како да живеете со двете различни страни на вашата личност во свет кој се обидува да ви каже кои сте и какви треба да бидете.

Треба да сфатите дека може да бидете токму такви какви што сте. Не мора да се прилагодувате, воздржувате или криете. Не мора да се борите само за да ви го чујат гласот. Вашиот идентитет е единствен. Вашата љубов е чиста. Нема потреба да се оправдувате себеси поради начинот на којшто сте одбрале да се грижите и живеете. Не правите ништо погрешно. Не му дозволувајте на светот да ве убеди во спротивното.

Прочитајте и зошто силните девојки длабоко во себе се чувствуваат многу скршено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар