Техниката 90 минути: Разбудете се наспани и одморени

Живееме во време кога на сите ни недостасува сон како резултат на секојдневната борба со обврските. Сепак, со помош на техниката 90 минути, можете да го „наштимате“ времетраењето на вашиот сон за да се разбудите наспани и одморени.

Girl stretching in the morning

Истражувачите кои се занимаваат со проблемот на недостаток на сон ни откриваат трик со помош на кој можете да ги ублажите последиците од неспиењето и да се чувствувате одморени во текот на денот.

Објаснувањето лежи во циклусот на спиењето. Имено, циклусот се состои од 5 фази. Четири од нив се нон-РЕМ (брзо мрдање на очите), а петата е РЕМ фазата во која нема брзи движења на очите. Во оваа фаза сонуваме. Еден ваков циклус трае 90 минути.

Експертите упатуваат на важноста од непрекинување на циклусот. Па така, поодморен може да биде човек кој спие 3 часа, одошто човек кој спиел 8 меѓутоа го прекинал циклусот.

Заради ова, важно е да го утврдите времето во кое сакате да станете наутро и врз основа на тоа да го пресметате времето кога треба да си легнете да спиете.

На пример, доколку сакате да станете во 8 наутро, треба да легнете во:

8 > 6.30 > 5.00 > 3.30 > 2.00 > 12.30 > 11 претходната вечер

Според ова, би требало да легнете во 11 или во 12.30 навечер, доколку сакате да станете одморени во 8 наредното утро.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.