Супер трик: Туширајте се и испеглајте маица во исто време

За да испеглате маица ви требаат неколку минути, но често наутро баш толку време и ни недостасува, па на крајот или облекуваме благо истуткана маица или пак ќе избереме друга која не одговара баш најдобро со остатокот од облеката како нашиот прв избор. Но, со овој трик можете да ја испеглате маицата без воопшто да употребите пегла, а воедно и ќе заштедите на време.

super-trik-tushirajte-se-i-ispeglajte-maica-vo-isto-vreme-kafepauza.mk

Постапка:
  1. Ставете ја маицата на закачалка во купатилото и обесете ја на држачот за пешкири или на шипката од завесата на туш кабината.
  2. Затворете ја вратата од купатилото и прозорите за да не дозволите да излегува пареата.
  3. Додека вие се туширате, пареата ќе ги израмни наборите на маицата и ќе можете веднаш да ја облечете.

Овој трик можете да го применувате и за блузи и фустани, односно делува на сите лесни материјали, додека за облеката од погусти и потешки материјали сепак ќе мора да употребите пегла.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар